Големо достигнување на научниците: Со вештачки јајце клетки би можело да се лекува неплодноста кај жените

Големо достигнување на научниците: Со вештачки јајце клетки би можело да се лекува неплодноста кај жените

Подготвил: Светлана Петковска

Вештачките јајце клетки биле одгледувани во петриев сад за прв пат, а се користеле за да се создадат живи животни, напредок поздравен како „извонреден" од страна на британските експерти.

Научниците во Јапонија покажаа дека е можно во лабораторија да се земат клетки од врзивното ткиво од опашката на глувчето, да се репрограмираат како матични клетки, а потоа да се претворат во јајце клетки. Јајце клетките во садот потоа биле оплодени и како резултат ембрионите биле имплантирани во женските глувци, кои се породиле со 11 здрави глувчиња.


вештачки јајце клетки


Ако се покаже дека постапката би функционирала со луѓе, тоа би можело да им помогне на повеќе жени да станат мајки. Жените се родени со сите јајце клетки, но би можеле потешко да зачнат како што почнуваат да стареат, бидејќи и нивните јајце клетки, исто така стареат. Но, ако јајце клетките може да се направат од матични клетки, тие ќе бидат сосема нови, па дури и може да произведат поздрави бебиња.

Оваа техника, исто така, може да им помогне на жените кои се родени со помалку јајце клетки од нормално, или чии јајници престанале со ослободување на јајце клетки.

Професорот Katsuhiko Hayashi, од одделот за биологија за развој на матични клетки на Kyushu Универзитетот, рече: „Ова е прв пат една функционална јајце клетка да е произведена од матични клетки во култура која ни дава индикација за производство на човечки јајце клетки од матични клетки. Ние треба сега внимателно да погледнеме на квалитетот на вештачки јајце клетки на глувчето. Овој вид на проверка на квалитетот ќе придонесе за примена на луѓето во иднина"- истакнал тој.

Научниците зеле клетки од опашката на глувчето и ги програмирале да станат плурипотентни матични клетки, кои можат да произведат било кој тип на клетки. Потоа тие создале „хемиска супа“ во лабораторија која ги имитира условите во јајниците, за поттикнување на матичните клетки да станат фоликули, мали јајцеводи во јајниците кои произведуваат јајце клетки. Од тие фоликули, научниците биле во можност да соберат здрави јајце клетки.

Тимот потоа ги оплодиле јајце клетките со користење на спермата од глувчето и ги имплантираат во женските глувци, од кои се родиле 11 здрави глувчиња.

Британски експерти го поздравија истражувањето како: „многу важно", „извонреден успех" и „првите убедливи докази" дека јајце клетките може да се направат целосно вештачки.


матични клетки




Ричард Андерсон, професор по клинички репродуктивни науки на Универзитетот во Единбург, рече: „Ова е првиот извештај на некој да биде во можност да развие целосно зрели и плодни јајце клетки во лабораториски амбиент преку најраната фази на развој на јајце клетките. Иако ние сме далеку од правење вештачки јајце клетки за жените во моментот, оваа студија, исто така, ни дава основа за експериментални модели да се истражуваат како јајце клетките се развиваат од други видови, вклучувајќи ги и жените. Еден ден, овој пристап може да биде корисен за жените кои ја изгубиле својата плодност на рана возраст, како и за подобрување на повеќе конвенционалните третмани за неплодност."

Сепак, некои научници велат дека процесот може да се попречи од фактот дека кај луѓето јајце клетките се потребни повеќе од 10 години да се развијат целосно по раѓањето се до пубертетот.

Доктор Робин Ловел Беџ, водачот на групата научници од Институтот Francis Crick, рече: „Јасно е дека ако се примени на луѓето, да се биде во можност да се добие функционални јајце клетки ќе има значење за надминување на женската неплодност, на пример, како резултат на третман на рак како дете, но тоа, исто така, отвора многу други намени во истражувањето, во регенеративната медицина, а можеби и во избегнување на генетски болести. Постои долг пат пред овие методи да може да се прилагодат и да се користат кај луѓето. Тука е прашањето на време. Тоа обично трае подолго од една деценија за да има целосни јајце клетки кај луѓето“.

Јапонскиот тим предупредил дека штотуку родените глувци имале различни генетски изрази во споредба со контролните животни и некои хромозомски абнормалности, иако сите биле здрави.

Британските експерти предупредија дека истражувањето може да фрли етички проблеми доколку се користи кај луѓето. Истражувањето е објавено во списанието „Nature“
SaveSave