„Зајди, зајди“ во една од најпопуларните видео игри!

„Зајди, зајди“ во една од најпопуларните видео игри!

Подготвил: Маја Пероска

Критичарите и корисниците се воодушевени од Battlefield 1 која е достапна од 21-ви октомври за Xbox One, PS4 и PC.



Добрата игра не е единственото нешто што ги привлекува играчите, туку и посебноста на користената музика. 

На Benchmark форумот се зпаочна дискусија дали се работи за познатата македонска песна „Зајди, зајди“. Потврдата за тоа можете и самите да ја слушнете :


Оваа верзија на „Зајди, зајди“ е отпеана од Ива Давидова, бугарска пејачка на фолклорна музика, која со пеење се бави од својата 4-та година. 

Оваа народна македонска песна е напишана и компонирана од легендарниот Александар Сариевски, еден од најпознатите музичари од Македонија. 

Во играта песната е употребена во поглавјата од играта кои носат наслов „Nothing is written“ и „The Runner“.