Бизарните навики во исхраната на милијардерите

Бизарните навики во исхраната на милијардерите

Подготвил: Маја Пероска

Сладолед за појадок и конзумирање кока кола во текот на целиот ден – дури и најбогатите луѓе имаат екстремни навики во исхраната.

 

На пример, Опра Винфри обожава компири – таа изјавила дека постојано јаде чипс, некогаш и по 10 пакувања на ден. Дури и се шегува на своја сметка. Вели дека одлуката за оставање на пакувањето полно со чипс е едно од нејзините најголеми животн и достигнувања.

 

 

 

Ричард Брансон признал дека пие по 20 чаши чај дневно. Тој смета дека ако не испие толкава количина чај во теко на денот, нема да преживее.

 

Во биографијата за Стив Џобс објавена во 2011-та година, била откриено дека Џобс имал чудна навика да јаде само еден вид на храна во текот на цела недела. На пример седум дена конзумирал само одреден тип на овошје или зеленчук, како морков. Некогаш заради големата количина на внесени моркови, неговата кожа добивала портокалова боја. Џобс сметал дека заради ваквата диета немал потреба од користење на дезодоранси.

 

Ворен Бафет, американскиот бизнисмен и филантропист има исхрана и вкус како мало дете. Тој јаде сладолед за појадок, пие пет Кока- Коли и конзумира огромни количини на чипс. И покрај тоа, работи на 80-годишна возраст и не покажува знаци на недостаток од енергија.

 

Според семејниот доктор, Доналд Трамп, актуелниот кандидат за претседател на САД, ќе биде „најздравиот човек кој некогаш бил избран за претседател“. Но, наспроти тоа, Трамп минатата година изјавил дека обожава „стек, хамбургер, паста и пофрит и сите оние нездрави нешта кои треба да се избегнуваат во исхраната“. Тој истакнал дека сака да јаде се што ќе му падне на памет.