Како успеваат другите да ве шпионираат на „Facebook“?

Како успеваат другите да ве шпионираат на „Facebook“?

Подготвил: Светлана Петковска

Многу луѓе го користат „Facebook“ за да шпионираат некој што познаваат или (не) познаваат.

Ве изненадува кога ќе откриете како сите може да дојдат до вашите податоци, дури и ако не сте пријатели со нив на оваа мрежа. Еве некои техники за шпионирањето на „Facebook“.

Може да ве најдат дури и ако не ви го знаат името

 
Моќната алатка на „Facebook“ „Graph Search“, семантички пребарувач, која Цукерберг и неговиот тим ја претставија во 2013 година овозможува да пребарувате на мрежата со користење на мајчин јазик.


шпионирање


Да речеме дека за тоа лице знаете само каде работи или каде студирало (или уште подобро и двете). Пребарување за „луѓето кои работат во компанијата Х" или „луѓе кои студирале на факултетот X". Најдобро е да ги комбинирате овие критериуми за поточни резултати.

Тие гледаат каде сте биле ...

Овде „Graph Search“, станува навистина застрашувачки. Можете да го користите за да видите на кои забави некој бил или на кои локации се пријавил. Се што треба да направите е да напишете „места кои лицето Х ги посетил во последните X месеци".

И за што покажувате интерес....

Освен ако не сте заклучиле буквално се на вашиот профил, секој може лесно да дознае кои бендови, книги, филмови, страници, луѓе или групи вие сакате. Се што им треба е вашето име и неколку клучни зборови во пребарувачот, како што се „страници кои му се допаѓаат на лицето Х".

Тие се во потрага за сите слики за кои сте означиле ми се допаѓа или на кои сте коментирале.


Повторно, благодарение на „Graph Search“, секој може да ги види речиси сите фотографии кои вам ви се допаѓаат или за кои сте коментирале. Повторно, само пишувате „слики кои лицето Х означило ми се допаѓа или „фотографии кои лицето Х ги коментирал", и ви пристигнува галерија.

Може да примат известување за сето она што го правите на „Facebook“


Опцијата „Блиски пријатели", му овозможува на лицата со кои сте пријатели на „Facebook“ да го следат секој ваш чекор. Секој пат кога некој „близок пријател" прави било што на „Facebook“ ви стига вам известување.

Со оглед на тоа дека „Facebook“ не ги информира луѓето дека вам некој ве означил како „близок пријател" нема начин да дознаете кој вас ве следи. За некој да означите како „близок пријател" потребно е да отидете на неговиот профил, кликнете на копчето „Friends" и од менито, одберете „близок пријател".

Ги гледаат вашите лични фотографии

Дури и ако сте ја блокирале можноста за отворање на фотографиите на вашиот профил, некој може да ја види зголемена. Потребно е само да отвори во нов таб и потоа од URL да избрише 160x160 + Enter.
SaveSave