Најскапиот чипс на светот

Најскапиот чипс на светот

Подготвил: Маја Пероска

Една од водечките шведски компании за производство на пиво St Erik’s, го произвеле најскапиот чипс на светот бидејќи едноставно сметале дека ниеден чипс на пазарот не е доволно добар за грицкање при конзумација на нивното пиво.

 

Чипсот е произведен од пет специфични состојки – печурки мацутаки од шума која се наоѓа на северот во Шведска, морски алги од Фарските острови, зачини од семејството „копар“ од полуостровот Bjäre, лук од шпведскиот регион Лександ и еден вид на светло пиво. Компирите се исто така од Шведска, од северниот дел каде што ридовите се толку стрмни што компирот мора рачно да се сади и бере.

Секое пакување содржи само по пет парчиња чипс кој ручно е направен од готвачот Пи Ле кој истакнал дека „сите состојки имаат толкав квалитет што порано не сте ги пробале. Овој чипс одлично оди со пивото, но и сам по себе е одличен за грицкање.“

Доколку сакате да го пробате чипсот, ќе морате да издвоите 50 евра за едно пакување, што е за 75 пати поскапо од обичниот чипс кој може да се најде во сите продавници.

Првите 100 пакувања од чипсот биле веднаш распродадени.