Сребро за „Брејк а лег“ на Светско првенство во хип-хоп

Сребро за „Брејк а лег“ на Светско првенство во хип-хоп

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Студиото „Брејк а лег“ од Скопје стана вицешампион во хип-хоп, на Светското првенство што деновиве се одржа во Грац, Австрија. Во конкуренција на повеќе од 3600 танчери од 30 земји, нашите танчари го осовија второто место, во конкуренција на 55 репрезентации, во категоријата хип-хоп групи.


 

Деа Антевска и Бенџамин Џафери, пак, ги освоија златниот и сребрениот медал во категоријата хип-хоп солисти, на Универзијадата што се одржа во рамките на Светското првенство. Антевска е студентка на Факултетот за музичка уметност, на балетска педагогија – современ танц. И двајцата се членови на студиото за модерни танци „Брејк а лег“ од Скопје и освоија медали во категоријата EUSA Hip-hop solo adults.



Од останатите позначајни резултати „Брејк а лег“ ги издвојува : 9-то место на „Брејк а Лег Мамас“, 10-то место за Благоја Тодоровски (соло electric boogie)  и 15то место за сениорскиот тим од вкупно 35 сениорски репрезенации учеснички.



Големиот успех на Антевска и Џафери, кои се корегорафи во „Брејк а легфс“ не е дефинитивниот исход од натпреварувањето во Грац. Детската репрезентација на „Брејк а лег“ го освои високото петто место.