Фирма за управување со отпадот со солидна позадина бара менаџер на оперативни проекти!

Фирма за управување со отпадот со солидна позадина бара менаџер на оперативни проекти!

Главниот профил на нашата фирма е управување со отпадот што го вршиме скоро 20 години. Од почетокот на нашето постоење, главната цел ни е заштита на животната средина и обезбедување на одржливоста. Притоа сме оствариле голем број инвестиции и развивања на извонредно професионално ниво, согласно со пропишаните барања за квалитет.

 

Задачите на проект менаџерот:

 

- Изведување на инвестиции според насоките за раст одредени од нашето претпријатие, како и извршување на поврзаните комплексни задачи
- Висок степен на самостојно учество во создавањето на комплексен систем за управување со отпадот, со овластување за раководење
- Одржување контакт со државните органи поврзани со локацијата на инвестицијата, застапување на нашето претпријатие, сеопфатно обавување на службени работи лично и писмено
- Постојано следење и контрола на остварувањето на инвестициите
- Постојано следење, почитување и практично применување на законските прописи за заштита на животната средина и гаранција за квалитет.
- Постојано контактирање со колеги на високи позиции од областа на управувањето со отпад
- Изготвување на редовни извештаи за раководството на фирмата во Унгарија

 

Очекувања:

 

- дипломиран инженер по животна средина или диплома од слична стручна област издадена од високообразовна установа
- знаење на англискиот јазик со способност за водење деловен разговор (познавање на стручната терминологија од областа на економијата и екологијата)
- компјутерски вештини на кориснички степен
- самостојно, прецизно и точно работење

 

Предности:

 

- Познавање на англискиот јазик на висок степен со запознатост со стручната терминологија
- искуство во областа на управувањето со отпад или организирањето инвестиции
- диплома по гаранција за квалитет

 

Што нудиме:

 

- делокруг со одговорност
- долгорочна можност за вработување
- компетитивна плата

 

Место на работење: Р. Македонија

 

Почеток на работата: 1 декември 2016 година или веднаш

 

Други информации за работата: Нашето претпријатие ја врши својата дејност за управување со отпад во Унгарија. Првенствената задача на проект менаџерот ќе биде да помине 3 месеци во центарот на фирмата во Унгарија непосредно по стапувањето на работа и целосно да се запознае со работењето на системот за управување со отпад во Унгарија. Во тоа ќе ги има нашите обучени колеги на располагање. За тоа време ќе му/и обезбедиме сместување.

 

Апликацијата може да се достави со кратка биографија и мотивационо писмо напишани исклучиво на англиски или унгарски јазик на makedonallas@gmail.com