Методи со кои ќе се ослободите од лошото расположение

Методи со кои ќе се ослободите од лошото расположение

Подготвил: М.Д.

Лошото расположение не секогаш може да се промени со неколку позитивни мисли. За да не дојдете до конфликти со другите, пред да имате контакт со било кој обидете се да го поправите со некоја активност.

расположение


Овие методи се добар избор кога сте нерасположени:

Чистење на домот: просторот наоколу е дирекно поврзан со мислите и телото на жената. Многу жени несвесно посегнуваат по чистење во вакви моменти. Иако тоа не е трајно решение на проблемите, моментално може значително да го подобри расположението.

Одење, шетање: мислите што Ви го предизвикуваат лошото расположение ќе станат побројни ако седнете на каучот и размислувате за причините што Ве довеле до таа ситуација. Кога телото е во движење се ослободува од стегите и акумулираните емоции, а однадвор се чувствува олеснување.

Туширање:
водата освен што има својство да го исчисти телото физички, таа е одличен сојузник во ослободување од стрес.

Слушајте музика: звукот е моќен елемент  што може да има ефект врз расположението. Добрата и позитивна музика може во голема мера да Ви го поправи расположението, а тажната да Ве направи меланхолични. Направете си папка со позитивни песни во компјутерот или телефонот и користете ја секогаш кога ќе имате потреба.

Други луѓе, животни и растенија:
кога сте фокусирани на себе, личните проблеми Ви изгледаат најстрашни. Кога ќе се свртите кон останатиот жив свет ќе сфатите дека се многу помали. Излезете на улица, поздравете ги соседите и поразговарајте со нив барем неколку минути, ако имате можност минете време со животните или посветете им се на растенијата во домот. После тоа ќе почувствувате разлика и подобрување на расположението.

Пишување: особено ако состојбата е поврзана со одредена личност, пишувањето е одличен начин да се ослободите од емоциите и зборовите што ги чувате во себе. Не обрнувајте внимание на тоа како се напишани речениците, на формата или вокабуларот, едноставно извадете ги од Вас мислите што Ви го расипуваат расположението.

Што не треба да правите кога сте во лошо расположение?


Иако често може да се случи да немате избор и независно од расположението да треба да ги извршувате активностите на работа или во друга средина, ако имате избор и можност одбегнувајте:

- Да купувате – може да потрошите пари неразумно;
- Да одржувате лична нега – најпогодно време да си наштетите на кожата, лицето и косата е токму кога не сте расположени;
- Да јадете - не ги задушувајте негативните емоции со храна. Подобро е да се напиете вода или чај наместо да ризикувате да се прејадете;
- Да започнувате важни работи – оставете ги новите проекти додека не бидете и вие свежи и полни ентузијазам. Тоа ќе има влијание на целокупниот исход.