Најголемата катедрала во светот е во опасност од многу чудни причини

Најголемата катедрала во светот е во опасност од многу чудни причини

Подготвил: Б.Б.



Катедралата во германскиот град Улм се наоѓа во опасност, бидејќи ѕидовите ги нагризуваат соли од урина. Казната за уринирање неодамна е зголемена на 100 евра, но досега не е изречена ниту една, иако и понатаму се продолжува со уринирање.  


Катедралата во Улм


И покрај воведувањето на забраната, голем број мажи продолжуваат да уринираат врз најголемата катедрала во светот што се наоѓа во градот Улм во Баден Вуртемберг, со што во опасност се доведува самиот објект, предупредуваат градските службеници.

Проблемот не е нов, но ситуацијата излегува од контрола, бидејќи киселините и солите од урината ги нагризуваат ѕидовите на објектот.

Штетата што притоа се нанесува ја поништува работата на реставрирањето на овој историски објект, а неодамна спроведените мерки со кои казната за уринирање се зголемува од 50 на 100 евра, се покажале безуспешни. Напротив, иако оваа навика не е искоренета, досега не се изрекла ниту една казна.

„Година и пол го набљудувам проблемот и гледам дека повторно ѕидовите се покриени со урина“, вели Михаел Хилберт, претседател на агенцијата Минстербау, што е задолжена за одржување и заштита на оваа 161 метарска катедрала.

Проблемот, според Хилберт, е тоа што во близина на катедралата се одржуваат голем број настани и фестивали, за кои организаторите не предвидуваат доволен број тоалети.