НЛБ Банка објавува оглас за вработување
Секторот за ИТ бара нов член во тимот за развој на информатичкиот систем на Банката на
работно место “Развоен проектант”, кој со самомотивација, страст, знаење и искуство ќе
придонесе во понатамошниот технолошки развој на Банката.
Имате можност да се приклучите кон млад и динамичен тим, да работите во етаблирана
корпоративна средина, ориентиран кон постојани промени и иновации во ИТ технологијата и
околина за развој и иновации што подразбира и можност за личен развој и специјализација во
различните области на банкарското работење.
Работното место “Развоен проектант” ви нуди можност да работите на анализа, развој,
имплементирање и поддршка на ИТ решенија, давате предлози за воведување на нови
решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата.
Во продолжение е описот на работното место, кое покрај техничките вештини потребни се и
основни „софт“ вештини за комуникација со интерни деловни корисници:
Опис на работното место:
- Развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија
- Воведување на нови алатки за релациони бази на податоци при развојот на
апликациите
- Менторство, советување и поддршка на корисници при развој и употреба на
програмски решенија на компјутерските системи
- Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските
решенија и проценка на резултатите од тестирање
- Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските
решенија
- Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од
областа на банкарската информатичка технологија
- Менторство и пренос на знаења
- Учество во проектни групи
Потребни минимум квалификации, вештини и способности:
- Завршено високо образование од технички области (Информатика,
Електротехника)
- Современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер
- Познавање на системи за управување со бази на податоци
- Аналитичиност, конструктивност и истрајност во изнаоѓање на решенија
- Способност за тимска работа и самоиницијативност
- Способност за одлучување
- Активно познавање на странски јазик (англиски јазик)
аинтересираните кандидати кои имаат завршено високо образование од техничките области (Информатика, Електротехника, ИТ) своите податоци и CV-ја можат да ги достават преку следниот
линк со избирање
„Развоен проектант во Секторот за ИТ“ во полето оглас за кој се пријавувате заклучно со
Недела, 06.11.2016 година.