Оглас за вработување во МОНЕТА
Монета Финанциал Сервицес Дооел од Скопје, Давател на услугата брз трансфер на пари - MoneyGram објавува оглас за нови отворени работни позиции и тоа за: Работник во секторот за развој на бизнис (business development manager)
Работни задачи:
• Да врши надзор на останатите конкуренти на пазарот
• Да ја промовира услугата и производите на MoneyGram
• Да врши таргетирање на нови локации и потенцијални субагенти
• Да врши постојано истражување на пазарот, соодветно за субагентот.
• Да биде вклучен во работата на субагентите ( потпишување договори,лиценцирање,инсталација на софтерот, обуки) во соработка со останатите сектори во компанијата
• Негова одговорност е да ги снабдува субагентите со потрошувачки и маркетинг материјали
• Да присуствува на професионалните обуки организирани од страна на работодавачот
• Да учествува во припремите и во донесувањето на годишната програма за маркетинг на MoneyGram за Македонија
• Води грижа за брендирањето на локациите на субагентите со светлосни реклами
• Во соработка со субагентите работи на развивање и зголемување на обемот на работата-транскациите
• Предлага нови маркетиншки активности и кампањи
• Врши непосредна контрола над субагентите за почитување на законските одредби во скоп на услугата брз трансфер на пари
• Утврдува план за периодични контроли со изготвување на записник
• Покренува иницијативи за подобрување за подобрување на квалитетот на услугите
Потребни квалификации :
• Завршено високо образование на некој од факултетите за Општествени науки
• Поседување на возачка дозвола Б категорија
• Одлични комуникациски вештини на Македонски и Англиски јазик
• Минимум 1 година работно искуство во соодветната област
• Организациски, истражувачки и аналитички вештини
• Предност имаат кандидатите од Штип,Кавадарци и Струмица.
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) да ја испратите на e-mail: kariera@moneta.mk или на адреса: Бул.Крсте Мисирков бр.76, Поштенски фах бр.915 со назнака “Работник во секторот за развој на бизнис”.