Ова се најбогатите претседатели на САД

Ова се најбогатите претседатели на САД

Подготвил: Светлана Петковска

Нема сомневање за тоа, да се биде претседател на САД, е тешка и често неблагодарна работа. Ричард Никсон изјавил: „Триење на подови и празнење на нокшири е работа со поголема достоинственост отколку да се биде претседател."

Но, да се биде претседател, исто така значи да се има неверојатна заработувачка. И повеќето претседатели биле финансиски добростоечки. Всушност, просечната нето вредност на претседател на САД (околу 62 милиони долари) е над 200 пати повеќе од просечната нето вредност на возрасните Американци (301.000 долари). Се исплатува да се биде претседател.


САД


Имајќи ги предвид најновите податоци од 24/7 Wall St., InsideGov го рангира секој претседател на САД, според нето вредноста, од најниски до највисоки приходи. Тука се вклучени фактори како што се земјиште и имот, приходи, наследство и авторски права на книги во нивната пресметка.

Генерално, претседателското богатство помина низ неколку значајни трендови. Многу од претходните претседатели го направиле своето богатство пред да влезат во Белата Куќа, во голема мера преку поседувње на земјиште. Спротивно на тоа, многу од модерните претседатели стапиле на функцијата скромно богати, но значително ги зголемиле своите финансии преку договори за книги и јавно говорење.


Џон Кенеди


1. Џон Ф. Кенеди

Богатство: 1 милијарда долари
Број: 35-ти претседател
Партиска припадност: Демократска партија
Години на власт: 2 години, 9 месеци 1961 - 1963
Држава: Масачусетс
Датум на раѓање: 29 Мај, 1917

Таткото на Џон Кенеди, Џо Кенеди го стекнал своето богатство преку неколку успешни деловни потфати, вклучувајќи: банкарство, тргување со акции, продажба на алкохол (не секогаш законски) и производство на филмови. Технички, Кенеди никогаш не бил милијардер сам од себе, пред да го наследи богатството на неговото семејство. Но, додека тој се одржал на функцијата, тој имал пристап до големиот фонд на неговото семејство и големиот број на недвижности.


Џорџ Вашингтон


2. Џорџ Вашингтон

Богатство: 525 милиони долари
Број: прв претседател
Години на власт:  7 години 9 месеци, 1789 - 1797
Држава: Вирџинија
Датум на раѓање: 22 Февруари 1732

Масивната нето вредност на Вашингтон може да се сумира со еден збор: земјиште. Семејството Вашингтон е едно од најуспешните трговци со земјиште во Вирџинија, и нивниот имот Маунт Вернон се состои од над  8.000 ари.


Томас Џеферсон


3. Томас Џеферсон

Богатство: 212 милиони долари
Број: 3-ти претседател
Партиска припадност: Демократско-републиканска партија
Години на власт:  8 години, 1801 - 1809
Држава: Вирџинија
Датум на раѓање: 12 април 1743

Вистински човек од ренесансата, Џеферсон имал неколку успешни деловни потфати. Но, како и многумина, богатството Џеферсон го стекнал од недвижен имот. Имотот на Џеферсон „Monticello“ во Вирџинија и ден денес се смета за големо  архитектонско чудо.


Теодор Рузвелт


4 Теодор Рузвелт


Богатство: 125 милиони долари

Број: 26-ти претседател
Партиска припадност: Републиканска партија
Години на власт: 7 години, 6 месеци, 1901 - 1909
Држава: Њујорк
Датум на раѓање: 27 октомври 1858 година

Иако генерално Рузвелт биле богато семејство во Њујорк, Теодор се борел со финансиите во неговите рани години. Сепак, тој стекнал богатство како ефикасен автор, пишувајќи повеќе од 40 книги во текот на неговиот живот. Неговото највредното богатство била неговиот имот „Sagamore Hill“ во Лонг Ајленд.


Ендру Џексон


5. Ендрју Џексон

Богатство: 119 милиони долари

Број: 7-ми претседател
Партиска припадност: Демократска партија
Години на власт: 8 години 1829 - 1837
Држава: Тенеси
Датум на раѓање: 15 Март, 1767

За самопрогласен популист кој ја уништил Федералната Банка, Џексон имал изненадувачки висока плата пресметана во нето вредност. Неговото богатство дојде пред се од имотите и неговата воена кариера.


Џејмс Медисон


6. Џејмс Медисон

Богатсво: 101 милиони долари

Број: 4-ти претседател
Партиска припадност: Демократско-републиканска партија
Години на власт: 8 години, 1809 - 1817
Држава: Вирџинија
Датум на раѓање: 16 март 1751 година

Познат како „Татко на Уставот," Медисон заработил значителен приход како претседател и државен секретар. Сепак, неговото вистинско богатство го стекнал од неговата 4.000 ари плантажа во Вирџинија, наречена „Montpelier“.


Линдон Џонсон


7. Линдон Џонсон


Богатство: 98 милиони долари

Број: 36-ти претседател
Партиска припадност: Демократска партија
Години на власт: 5 години, 2 месеци, 1963 - 1969
Држава: Тексас
Датум на раѓање: 27 август, 1908

По атентатот на Кенеди, Џонсон ја презеде функцијата претседател на САД под трагични околности, но брзо ја заживеа нацијата со неговата војна против сиромаштијата. Богатството на Џонсон дојде пред се од неговиот голем имот во Тексас.


Херберт Хувер


8. Херберт Хувер

Богатство: 75 милиони долари

Број: 31-ри претседател
Партиска припадност: Републиканска партија
Години на власт: 4 години, 1929 - 1933
Држава: Ајова
Датум на раѓање: 10 август 1874 година

За разлика од многу од претседателите на оваа листа, Хувер не наследил никакво богатство. Всушност, Хувер бил сирак кој се збогатил работејќи во рударската индустрија. За жал, неговото чувство за бизнис не можело да го запре почетокот на Големата депресија.


Френклин Рузвелт


9. Френклин Делано Рузвелт


Богатство: 60 милиони долари

Број: 32-ри претседател
Партиска припадност: Демократска партија
Години на власт: 12 години, 1 месец од 1933 - 1945
Држава: Њујорк
Датум на раѓање: 30 Јануари 1882

Рузвелт имал најдолг мандат како претседател во историјата на САД, со над 12 години во Белата куќа. Тој наследил значително богатство од семејството и бракот со Елеонора, но никогаш не бил во можност да го достигне богатството на неговиот постар братучед Теди.


Бил Клинтон


10. Бил Клинтон

Богатство: 55 милиони долари

Број: 42-от претседател
Партиска припадност: Демократската партија
Години на власт: 8 години од 1993 - 2001
Држава: Арканзас
Датум на раѓање: 19 август, 1946 година

Иако Клинтон имал успешна кариера како правник, пред да влезе во политиката, неговото вистинско богатство го стекнал откако ја напуштил Белата куќа. Автобиографија на Клинтон, „Мојот живот“ досега е продадена во над 2,2 милиони примероци. Покрај тоа, Клинтон има направено значително богатство од јавно говорење.