Практична настава во НЛБ Банка АД Скопје

Практична настава во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка нуди можност за остварување на практична настава во рамки на организационите единици Банката, за сите динамични и мотивирани студенти кои се заинтересирани за запознавање на банкарското работење.

Се што треба да направите е да ја пополните апликацијата за пракса, која е поставена на нашата web страна (www.nlb.mk), доколку ги исполнувате следните услови:

- да сте студент на додипломски или последипломски студии на Економски, Правен или Факултет за информатичка технологија;
- да имате солидно познавање на англискиот јазик;
- да имате познавање на MS Office пакетот;
- да имате позитивен пристап и мотивираност;
- да имате подготвеност за работа и тимски дух.

Реализација на работната пракса е во траење од 1 (еден) месец, со можност за продолжување до 3 (три) месеци.

Експозитурите надвор од Скопје во кои може да се извршува практикантската работа се: Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Гостивар, Куманово, Струмица, Штип, Велес, Крива Паланка, Валандово, Гевгелија, Радовиш, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Прилеп, Ресен и Свети Николе.

Праксата ќе се организира согласно динамиката на барањата на Банката за практиканти и селекција на кандидатите кои се пријавиле за пракса. Со почит,
Служба за управување со човечки ресурси
НЛБ Банка АД Скопје