Сите шестмина добитници на Нобелова награда во 2016 година од САД се имигранти

Сите шестмина добитници на Нобелова награда во 2016 година од САД се имигранти

Подготвил: Б.Б.

Науката не познава граници. За волја на вистината, добар дел од најпознатите светски научници биле бегалци, вклучително и Алберт Ајнштајн и Ервин Шредингер. Таа традиција продолжува и денес и покрај зголемените анти-имигрантски чувства во поголемиот дел од западниот свет.


Нобелова награда


Америка годинава има шест лауреати на Нобеловата награда. Сите се имигранти.

Фрејзер Стодарт ја доби Нобеловата награда за хемија за „дизајн и синтеза на молекуларни машини“. Роден е во Единбург, Шкотска, а подоцна станал натурализиран жител на САД.

Дејвид Таулес, Данкан Холдејн и Мајкл Костерлиц беа наградени со Нобелова награда за физика за „теоретските откритија на тополошките фази на транзиција и тополошките фази на материјата“. Таулес и Костерлиц се родени во Шкотска, а Холдејн е Англичанец.

Оливер Харт и Бенгт Холмстром ја добија Нобеловата награда за економија за „нивниот придонес во теоријата на договорите“. Холмстром е роден во Финска, а Харт во Англија.

Се разбира, вкупно седуммина Американци оваа година се лауреати на Нобел, доколку се земе предвид и Нобеловата награда за литература на композиторот и поет, Боб Дилан, чии предци се источноевропски Евреи кои дошле во САД бегајќи од прогонот на антисемитистите на почетокот од 20 век.

Бројот на научници и инженери кои емигрирале во САД се покачил од 3,4 на 5,2 милиони во периодот од 2003 до 2013 година, според извештајот на Националната научна фондација. Или околу 20%  од научната и инженерската работна сила се имигранти.

Во овој број се вклучени три милиони научници кои емигрирале од Азија, еден милион од Европа, 330.000 од Африка и над 600.000 од Централна и Јужна Америка.

„Сметам дека ова е громогласна порака што треба да се пренесе низ светот дека науката е глобална работа“, изјави Сер Фрејзер Стодарт, добитникот на наградата за хемија.

„Особено е важно оваа дискусија  во моментов да се насочи кон политичката клима на двете страни од ‘барата’... Мислам дека САД се тоа што се, во голем степен поради отворените граници.“