Темната страна на почитуваните историски личности

Темната страна на почитуваните историски личности

Подготвил: М.Д.

Историските книги не секогаш содржат точни информации и многу важни факти остануваат сокриени од очите на јавноста.

мартин лутер кинг


Овде станува збор за 7 важни историски личности за кои е познато дека биле обожавани и почитувани, а истиот статус го имаат и по смртта.

1. Махатма Ганди, „Таткото на нацијата“ во Индија, во светот е симбол за мир, љубов и надеж. Но, она што јавноста не го знае е дека имал загрижувачки сексуален апетит и според бројни сведоштва, тој ги принудувал жените кои го следеле и сопствените внуки да спијат со него голи. Во текот на ноќта тој изведувал „тест за целибат“, но прашање е колку тој „тест“ е само маска за злоставување.

2. Џон Ленон не ја добивал почитта од син му Џулијан како од остатокот од светот. Во 1998 тој изјавил, „Почувствував дека е лицемерен. Тато можеше да зборува за мир и љубов на глас пред остатокот од светот, но тоа никогаш не го покажа пред луѓето кои по претпоставка му значеле најмногу: синот и сопругата.“ По разводот во 1968, Џон ретко го посетувал својот син.

3. Мартин Лутер Кинг се памети како најдобриот оратор на сите времиња. Но, кога неговата сопруга донирала негови дела на универзитетот во Стенфорд, било забележано дека докторската дисертација што ја пишувал за универзитетот во Бостон, во голема мера била плагијат. Ова било детално истражено и докажано.

4. Роалд Дал, авторот на „Чарли и фабриката за чоколада“ и „Матилда“ блиските го знаеле како симпатизер на нацистите. Ако се читаат подетално неговите дела ќе се забележи дека се сретнува расизам и омраза кон жените. Во 1983 за Хитлер рекол, „Постои карактеристика во Еврејскиот карактер што предизвикува непријателство. Мислам, секогаш има причина зошто постои спротивтавување на нешто, дури и Хитлер сигурно не ги избрал нив без причина.“

5. Абрахам Линколн е првиот претседател што ги ослободил робовите, но неговите писма откриваат дека целта на Граѓанската војна била да се спаси Унијата, а не да се ослободат робовите.

6. Мајка Тереза неодамна беше канонизирана и како светица поради што многумина ја истражуваат нејзината проблематична историја. Имено, таа била обвинета за задржување на средства за храна и лекови наменети за сиромашните. Забележано е дека рекла, „Има нешто убаво во тоа да се гледаат сиромашните како ја прифаќаат својата судбина, да страдаат како да е тоа страст на Исус. Светот добива многу од нивното страдање.“

7. Волт Дизни не бил најзабавниот човек со детски дух како што се претпоставува. Покрај тоа што создал многу филмови омилени на јавноста, тој бил расист и шовинист. Неговиот филм „Song of the South“ бил тргнат од употреба затоа што се сметал за навредлив. Блиските соработници пак, го слушале како кажува навредливи зборови за џуџињата во Снежана, а има сведоштва и дека одбивал да вработи жени аниматори.