За 10-годишнината Apple подготвува комплетно редизајниран iPhone 8

За 10-годишнината Apple подготвува комплетно редизајниран iPhone 8

Подготвил: М.Д.

Следната година на својата 10-годишнина, компанијата Apple ќе пушти во продажба комплетно редизајниран iPhone 8. Новиот модел ќе претрпи драматични промени во изгледот, но и во технологијата внатре во уредот.

ајфон 8


Според првичните најави, новата генерација производи се очекува да има OLED екран што го покрива речиси цел преден дел на телефонот, а стандардите копчиња најдолу ќе бидат вградени  под екранот. Задниот дел најверојатно ќе биде од стакло, а не од алуминиум. По надворешните рабови дизајнот ќе наликува на iPhone 4, односно ќе биде опкружен со метал.
Други извори пак велат дека ова е сосема погрешно и дека дизајнот ќе биде нешто што до сега никој не го видел. Според нив, се очекува новиот производ да биде целосно транспарентен и корисниците да можат да гледаат низ него, а 600 инженери од компанијата во Израел работат само на 3D сензорот.

Ако е ова точно, навистина се спрема нешто сензационално за 10 годишниот јубилеј.

Корисниците на новата верзија, според шпекулациите, ќе имаат дополнителни предности кај антените и батеријата што се планира да бидат сокриени околу рабовите на екранот, а телефонот ќе се полни за неколку минути. Коментарите за ова се дека сепак сме години назад од такви откритија и за сега е невозможно производот да ги има тие својства.

Apple со сигурност ќе изненади со интересни промени што ќе ги нанами потрошувачите и ќе ги направи нестрпливи да го добијат новиот модел, но сé додека нема и официјални најави од компанијата, може само да се претпоставува колку овие информации се вистинити.