Дали знаете кое е новото име на Република Чешка?

Дали знаете кое е новото име на Република Чешка?

Подготвил: Светлана Петковска

Шест месец откако името Чекија (Czechia) се усвои, се чини дека граѓаните на централната европска земја се сомневаат како државата треба да се вика  

Со поставување на статуата на светецот-заштитник во Чекија и широките патишта кои водат кон историската Прага и „Wenceslas“ плоштадот, сето тоа треба да биде идеално место за дефинирање на националниот идентитет на една земја.


Чешка


Па, кога властите одлучија да манипулираат со официјалното брендирање на Република Чешка, тие може да не ја тестираа идејата овде, каде што националните аспирации често се воспоставени, а понекогаш и уништени на драматичен начин.

Сепак, шест месеци по официјалното усвојување на пократкото и наводно помоќно име Чекија (Czechia)  од страна на лидерите на земјата, граѓаните на централната европска земја од 10 милиони луѓе, се чини се со мал сомнеж околу тоа како треба да се нарекува.

Република Чешка, одговорило едно лице по друго, откако биле прашано за името на нивната земја, а некои го поздравиле прашањето со зјапање во недоверба.

"Тоа е малку збунувачки. Никој не ја нарекува Чекија, не знам зошто"- вели Лукас Хасик, 40 годишен софтверски инженер, брзајќи низ „Wenceslas“ плоштадот за да го види Далај Лама, кој беше во посета на Прага. "Луѓето се навикнати на името Република Чешка досега и јас би рекол дека ние треба да се држиме до него"

„Република Чешка" (Czech Republic) е долго име-се согласува Зденек Чех, 30 годишен студент по медицина на Универзитетот „Charles“ во Прага. Би сакал пократко име, но Чекија не звучи убаво".


менување на име


Во април, чешките лидери, особено претседателот, Милош Земан, кој беше водечки шампион за идејата, најави дека Чекија ќе ја замени Република Чешка како секојдневен општ псеводним на земјата, на ист начин како што повеќето други земји се познати по имиња кои се изоставени од нивниот официјален уставен статус.

И покрај тоа што нема да исчезне сосема, етикетата Република Чешка, се тврди дека е премногу долга за да го привлече вниманието на светската сцена и привлекувањето на странски инвестиции. Чешка би ги поедноставила нештата и би било повеќе препознатливо име.

Земан го користил скратеното име во текот на неодамнешното интервју за Гардијан. Сега неговата иницијатива ја доби премолчената согласност на Велика Британија и САД, меѓу другите.


претседател на Чешка


Постојаниот комитет на британската влада за географски имиња минатиот месец препорачал земјата отсега да се нарекуваЧекија откако името било внесено во базата на податоци на ОН.

Американскиот Стејт департмент, исто така, официјално го усвоил името Чекија, како име во кратка форма, заедно со подолгата верзија.

Промената предизвикала драматична покриеност во некои делови. Една статија минатата недела со наслов „Република Чешка престана да биде нешто, додека вие не обрнувате внимание", со изјава: „Република Чешка е воглавно мртва. Да живее долго Челока“.

Чешките власти и понатаму го користат терминот Република Чешка на официјалната кореспонденција и на веб сајтовите на англиски јазик, вклучувајќи го и претседателскиот сајт. Портпаролот на претседателот, исто така го користел подолго име во твит оваа недела, критикувајќи го министерот за култура за средбата со Далај Лама. И Андреј Бабис, министерот за финансии, кој е по потекло од соседна Словачка, за кој се очекува да биде следниот премиер, го користи името Република Чешка наместо Чекија во неодамнешното интервју за „Bloomberg“.

„Називот во еден збор не е за официјална употреба од страна на државните органи"-објаснил Јан Урбан, професор и политички аналитичар на Универзитетот во Њујорк во Прага. "Тоа е за неофицијална употреба, како што британските новинари велат Британија наместо Велика Британија, или како што Република Франција се нарекува Франција".

Несогласувањата како да се нарекува нацијата датираат години наназад од 1992 година, кога поранешната Чехословачка беше поделена во таканаречениот „сомотски развод“ за формирање на две независни држави: Чешка и Словачка.