Кина ќе ги рангира своите жители

Кина ќе ги рангира своите жители

Подготвил: Светлана Петковска

Комунистичката Партија на Кина сака да поттикне добро однесување така што за оценка ќе ги  користи онлајн податоците на сите луѓе. Оние кои ќе имаат ниски бодови ќе се соочат со нарушување на основите човекови слободи како забрана на земање заеми за патување

Замислете свет во коj авторитарната власт следи се што виe правите, има собрано огромни количини на податоци на речиси секоја интеракција што ја правите и да ве наградува со бодови со кои мери „колку доверливи сте“.

Во овој свет, било што од користење на заем до критикување на владејачката партија, од поминување на црвено светло до неуспехот да се грижите за своите родители соодветнно, може да предизвика да изгубите поени. И во овој свет, вашиот резултат ќе стане крајната вистина за тоа кои сте вие, утврдувајќи го тоа дали можете да позајмите пари, да ги запишете вашите деца во најдобрите училишта или да патувате во странство, дали ќе добиете соба во убав хотел, седиште во врвен ресторан или резервирација за датум.


Кина


Ова не е супер-држава од малцински извештај на Стивен Спилберг, во кој полицијата го запира криминалот пред тој да се случи. Но, тоа може да биде Кина до 2020 година. Тоа е сценарио содржано во амбициозните планови на Кина за развој на далекусежен социјален кредитен систем, план со кој Комунистичката партија се надева дека ќе изгради култура на „искреност" и “хармонично социјалистичко општество", каде што „да се има доверба е возвишеност".

Документот за високо ниво на политиката бил издаден во септември, а со него се наведуваат санкции кои би можеле да бидат наменети за секое лице или компанија за кои се смета дека изостанале. Највисокиот принцип е: „Ако довербата е скршена во едно место, воведените ограничувања се насекаде". А целиот спектар на привилегии ќе бидат одбиени, а луѓето и компаниите кои ја кршат социјална доверба ќе бидат предмет на проширен надзор и проверки.

Амбицијата е да се собере секое делче од информации достапни на интернет за компаниите и граѓаните на Кина на едно место, а потоа да им се додели на секој од нив поени врз основа на нивните политички, комерцијални, социјални и правни „кредити“.

Владата не објавила како точно планот ќе функционира, на пример, како бодовите ќе бидат собрани. Но, идејата е дека доброто однесување ќе биде наградено, а лошото  однесување казнето, а Комунистичката партија ќе делува како краен судија. Тоа е она што Кина го нарекува „Интернет Плус", но критичарите го нарекуваат полициска држава на 21-от век.

Искористување на моќта на големите податоци и присутноста на паметните телефони, e-маркетинг и социјалните медиуми во едно општество каде што 700 милиони луѓе го живеат голем дел од нивните животи на интернет, планот, исто така, ќе навлезе во евиденцијата на судот, полицијата, банкарство, даноците и вработувањето. Докторите, наставници, локалните власти и бизниси би можеле дополнително да добијат поени од страна на граѓаните за нивната професионалност и чесност.

„Кина се движи кон тоталитарното општество, каде што Владата влијае врз приватниот живот на поединците. Ова е како Големиот брат, кој ги има сите ваши информации и може да ви наштети на било кој начин, кој тој ќе го избере"- рече романсиерот и социјален коментатор Murong Xuecun од Пекинг.

Во срцето на социјалниот кредитен систем е обидот да се контролира огромната, анархична и слабо регулирана пазарна економија на Кина,  да се казнат компаниите кои продаваат отровна храна или лажни лекови, да се изложат лекарите на земање мито и да се најдат измамниците.

„Измамата стана повеќе заедничка во општеството-објаснува Лиан Велиланг, заменик-претседател на Националната комисија за развој и реформи, главната агенција за економско планирање на земјата.  


Сепак, во комунистичка Кина, плановите неизбежно се на авторитарниот аспект: Тоа не е само за регулирање на економијата, но исто така и за создавање на нова социјалистичка утопија под водство на Комунистичката партија.

„Голем дел од кинескиот политички театар е да се тврди дека постои идеализирана иднина, утопија која се движи напред", изјави Роже Кремерс, професор по право и владеење на Универзитетот Лајден во Холандија.

 „Сега по половина век на ленинизмот, и со технолошкиот развој со кој се овозможува огромна колекција и обработка на информации, има многу помало растојание помеѓу надменоста на амбицијата на партијата и нејзините хипотетички можности за правење нешто", рече тој.
Но со стеснувањето на тоа растојание се зголемуваат очекувањата, кој додава дека партијата може да  гризи повеќе отколку што може да џвака. Доделување на цел кинески народ социјален кредитен рејтинг кој тежи и го бодува секој аспект на нивното однесување не само што ќе биде огромен технолошки предизвик, но, исто така, темелно субјективен  и може да биде исклучително непопуларен- објаснува Кремерс

Тој додава дека да се добие резеултат од технолошко физибилити прашање до прашање на политичката изводливост и  да се направи ова за население од 1,3 милијарди луѓе, тоа би било голем предизвик.

Комунистичката партија може да биде опседната со контрола, но таа, исто така е чувствителна за јавното мислење, а властите биле принудени да се вратат назад, откако пилот проектот во јужниот дел на Кина во 2010 година предизвика силни реакции. Тој проект, кој започнал во „Suining“ округот во покраината „Jiangu“ во 2010 година, давал бодови на граѓаните за добро однесување, до максимум од 1.000. Но, малото прекршување на сообраќајните правила ќе го чини некој 20 поени, а одењето на црвено светло, возење во пијана состојба или плаќање на мито ќе чини 50 бодови.

Некои од казните ја покажаа желбата на партијата за регулирање на приватниот живот на своите граѓани, како на пример учество во нешто што се смета за култ или негрижење за постари роднини чини одземање  50 бода. Другите казни се одраз на опсесијата на партијата со одржување на јавниот ред, а секој што предизвикува „нарушување", би добил 50 поени, исклучување за користење на интернет, додека лажното обвинување на другите резултира со одземање на 100 поени. Добитникот  на „националната чест", како што се класифицира моделот на  граѓанин или работник додава 100 поени на нечиј резултат.

Врз основа на ова, граѓаните се класифицираат во четири нивоа: оние на кои им се дадени „А" оценки квалификувани дека ја имаат поддршката од Владата кога отпочнуваат бизнис или повластен третман при аплицирање да се приклучат на партијата, Владата или војската или доколку аплицираат за промоција. Луѓето со „Д" оценки се исклучуваат од официјална поддршка или вработување.

Проектот предизвика споредби со „картички за добар граѓанин",систем кој бил воведен од страна на Јапонската окупаторската војска во Кина во 1930-тите. На социјалните медиуми, жителите протестираа дека ова е „превртливо општество" и дека граѓаните треба да се оние кои би ги оценувале државните службеници", а не обратно“.

Владата на „Suining“ подоцна изјавила во државните медиуми дека го ревидирале проектот, работат на снимање на социјалниот кредитен рејтинг, но дека ги напуштаат класификациите А до Д. Официјални лица одбиле да бидат интервјуирани за овој напис.

И покрај негодувањето во „Suining“, централната власт се чини решена да продолжи со своите планови. Дел од причината е економска. Во исто време, централната власт има за цел да го контролира видот на корпоративна злоупотреба на службената должност што беше забележано кај десетици илјади деца хоспитализирани откако се напиле расипано формула млеко во 2008 година, и милиони деца биле компромитирани од вакцини оваа година. Сепак, тоа е и обид да се користат податоците за извршување на моралниот авторитет, дизајниран од страна на Комунистичката партија.

Сајбер-просторот под управа на Кина сака некој што демонстрира „нечесно" онлајн однесување да го стави на црната листа, а еден од водечките академци тврди дека медиумите се на црна листа за „неодговорно известување", а со овој проект всушност би се поттикнала поголема само-дисциплина и морал во новинарството.

За одобрените пилот проекти на Владата, осум приватни компании имаат воспоставено кредитни бази на податоци кои собираат широк спектар на интернет, финансиски и правни информации. Еден од најпопуларните е „Sesame Credit“ дел од гигантот „Alibaba,“ е-маркетинг компанија која ја води најголемата онлајн шопинг платформа во светот. Десетици милиони корисници со високи оценки биле во можност да изнајмуваат автомобили и велосипеди без да остават депозити, велат претставници на компанијата и да избегнат долги редици во болниците со плаќање такси по напуштањето со неколку допири на смартфоните.

„Baihe“ онлајн страната за запознавање, ги охрабрува корисниците да ги прикажат своите „Sesame“ кредитни резултати за привлекување на потенцијални партнери, при што 15 отсто од корисниците го прават тоа. Една жена, која работи во рекламирање, но одбила да биде именувана за заштита на  нејзината приватност, изјавила дека таа го користи „Baihe“ повеќе од две години. Во потрага по луѓе кои прикажале добар кредитен рејтинг и помогнало да препознае измамници- изјавила таа.