Снимајте филмови со мобилен и учествувајте на „Мобил фестивал“

Снимајте филмови со мобилен и учествувајте на „Мобил фестивал“



Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“ објавува отворен повик за пријавување филмови за седмото издание, кое ќе се одржи од 15-ти до 26 ноември во Скопје. Можат да се пријават сите филмови снимени со мобилен телефон не подолги од 10 минути, а истите претходно да не биле пријавени на фестивалот.

Во конкуренција влегуваат сите филмови кои ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување - 20 ноември. Филмовите можете да ги пријавите на: mobilefestkonkurs@gmail.com и mobifestkonkurs@gmail.com

Селектираните филмови ќе влезат во конкуренција за неколку награди: за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“, за најинвентивен филм, за најдобра приказна, идеја, како и за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти“.

Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на интернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телефон, а се во партнерство со „Мобил Фестивал“.

Организатор на „Мобил Фестивал“ е продуцентската куќа „КТ Филм и Медиа“. Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и од Градот Скопје. Главен покровител е „МЕПСО“ АД - Скопје.