Бил Гејтс: Богатството не им го оставам на децата, тоа би ги уништило

Бил Гејтс: Богатството не им го оставам на децата, тоа би ги уништило

Подготвил: М.Д.

Богатството на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, се проценува на 74 милјарди долари и тој е еден од најбогатите луѓе во светот. Иако многумина би рекле дека веќе има обезбедено многу идни генерации на неговото семејство, тој размислува сосема поинаку.

бил гејтс


Имено, Бил Гејст како гостин на телевизија ITV изјавил дека ништо нема да им остави на своите деца:

„Моите деца се горди на фактот дека од нашето богатство нема да наследат ништо“.

Понатаму обелоденил дека сиот капитал ќе го донира на неговата хуманитарна организација, која се залага за искоренување на сиромаштијата и болестите.

„Моите деца ќе стекнат образование и ќе мораат сами да си ја изградат кариерата и животниот пат. Толку пари би им ги уништиле животите. Во наследство ќе добијат минимален дел, колку да не бидат сиромашни, а за сé останато ќе мораат да се борат сами“, дополнува милјардерот кој во хуманитарни цели веќе има дадено повеќе од 30 милјарди долари.

Гејтс има три деца: Џенифер (20), Рори (17) и Фиби (14). Неговата хуманитарна организација исто така нема да биде под нивна надлежност, туку сите пари ќе бидат донирани на луѓето на кои им се потребни, за искоренување на болестите и сиромаштијата во светот.

„Тие пари не им припаѓаат ним. Парите им припаѓаат на сиромашните и болните“, додава тој.