ФБЕ започна со имплементација на интернационален студентски проект!

ФБЕ започна со имплементација на интернационален студентски проект!

fbe

 

Факултетот за бизнис економија во наредните три недели ќе спроведе интернационален студентски проект, во кој како партнери ќе се појават Државниот Универзитет на Њу Јорк, Платсбург (SUNY) од САД и Универзитетот на Љубљана – Факултет за администрација (FAUL) од Словенија. Проектот е наречен COOL, (Collaborative Online Learning), а ќе учествуваат околу 100 студенти од трите држави, кои ќе соработуваат преку специјална платформа наречена BEP (Business Educational Platform), развиена под проектот ISPEHE (Иновативно стратешко партнерство за европско високо образование - Innovative strategic partnership for European higher education. ISPEHE се имплементира со поддршка на Европската комисија и Еразмус+ програмата, а воедно е најголем проект од овој вид во Република Македонија.

 

Целта на COOL е студентите да добијат чувство како е да работат во интернационална средина, која се карактеризира со различни временски зони, организациски култури и голем број на други фактори. Крајниот резултат на COOL ќе биде промотивна маркетинг кампања што би била спроведена во САД, Словенија и Македонија паралелно за идентични производи и услуги.

 

Проектот се спроведува трета година по ред на ФБЕ, со тоа што оваа година е во најголем организациски капацитет. Координатор на ФБЕ за COOL е м-р Мартин Киселички, координатор за SUNY, Plattsburgh е проф. д-р Richard Gottschall, додека пак координатор за FAUL, Ljubljana е проф. д-р Primoz Pevcin. Студентите кои учествуваат од трите високо-образовни институции се дел од третата и четвртата студиска година.