Можете ли да ја решите загатката?

Можете ли да ја решите загатката?

Подготвил: Маја Пероска

Во време кога роботите полека но сигурно го преземаат секојдневието и приказните дека тие би можеле да ги заменат луѓето се сѐ позастапени, убаво е да се потсетиме дека луѓето и нивниот разум се заслужни за сопственото постоење.

Постои една загатка, која луѓето можат да ја решат, но ниту еден компјутер тоа не го може.



Обидете се вие.

Колку се стари овие три сестри доколку нивните години ако ги множите добивате 36, збирот е 13, а најстарата сестра има руса коса?

Еве како да дојдете до решението :

Доколку прозиводот на нивните години е 36, тогаш решението е едно од овие осум можни комбинации :

36 = 2 × 3 × 6, за збирот на нивните години е 11.

36 = 2 × 2 × 9, а збирот на нивните години е 13.

36 = 4 × 9 × 1, а збирот на нивните години е 14.

36 = 4 × 3 × 3, а збирот на нивните години е 10. 

36 = 18 × 2 × 1, а збирот на нивните години е 21.

36 = 12 × 3 × 1, а збирот на нивните години е 16.

36 = 6 × 6 × 1, а збирот на нивните години е 13. 

36 = 36 × 1 × 1, а збирот на нивните години е 38.

Доколку го земеме предвид вториот дел од загатката, во кој стои дека збирот на нивните години е 13, тогаш ни остануваат само две можни комбинации 2, 2, 9 или 6, 6, 1.

Потоа на ред доаѓа и онаа навидум непотребна информација, дека најстарата сестра има руса коса, индицирајќи дека постои само една најстара сестра.

Кога сите тие фактори ги земаме предвид, доаѓаме до едно можно решение, а тоа е дека сестрите имаат 2, 2 и 9 години.