Од каде доаѓаат најпаметните студенти?

Од каде доаѓаат најпаметните студенти?

Подготвил: Маја Пероска

Анализата на писменост открила неколку навистина интересни информации. Што мислите, од каде доаѓаат најуспешните дипломирани студенти?


Организацијата за економска соработка и развој
(OECS), ги објавила резултатите од тестовите со кои се истражувало знаењето и писменоста на дипломците ширум светот. Иако на врвот на листата на најдобри универзитети за 2016/2017 се американските универзитети, сепак според резултатите од тетсовите американските дипломци се дури на 9-то место во однос на писменоста.

Изгледа дека студентите кои студираат во Англија или САД не ги следи добра репутација што се однесува до писменоста на факултетите на кои студираат. Имено, помеѓу 35 земји членки на OECS, Англија и САД се на осмото и деветтото место. Јапонија пак е земјата во која дипломираните студенти постигнуваат најдобри резултати на тестовите за напредна писменост. Финска е на второто место, а Австралија и Нов Зеланд се исто така пред САД и Англија.

Финска и Јапонија се на врвот и на PISA листата која го споредува средношколското образование низ земјите ширум светот. Земјите како Јужна Кореја и Сингапур, иако се високо рангирани во однос на средното образование, не се баш на добри позиции на тетсовите за писменост. Овие резултати покажуваат дека репутацијата на факултетот не мора нужно да ја одржува или да влијае на способноста на студентот ниту пак на шансите за вработување по добивањето на дипломата. Според резултатите, способноста и знаењето меѓу лица со исти квалификации можат да варираат. Иако можат да имаат исти дипломи и титули, постојат големи разлики и квалитети во високото образование, кои потоа влијаат на успешноста и крајната писменост на самиот студент.

Како изгледа листата од топ 10 земји со наујспешни дипломирани студенти :

1. Јапонија

2. Финска

3. Холандија

4. Австралија

5. Норвешка

6. Белгија

7. Нов Зеланд

8. Англија

9. САД

10. Чешка