Програми за експоненцијални технологии и иновации со ментори од Силиконската долина
Во месец ноември и декември, во Скопје ни доаѓаат ментори од Силиконската долина кои што ќе работат со постоечки македонски компании во раст, млади стартап компании, фриленсери, студенти и средношколци на две програми за експоненцијални технологии и иновирање на светско ниво, како дел од програмата на
ЊуМенс Академијата и ЊуМенс Смартап Центарот за иновации и претприемништво, во соработка со програмата за претприемништво SECO Entrepreneurship Program, поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од
Swisscontact.
Менторите се искусни претприемачи или се на топ менаџерски позиции на успешни светски компании, кои што пласираат иновативни и уникатни продукти на светско ниво, и тоа:
•
Darlene Damm, Директор на факултетот Singularity University за Најголемите Глобални Предизвици и Основач на DIYROCKETS (Mountain View, California), Inc која им помага на компаниите да ги согледаат бенефициите од експоненцијалните технологии и да започнат да ги употребуваат со што стануваат поконкурентни на пазарот; и
•
Rana Chakrabarti, Дизајнер за кориснички искуства на производи и услуги со над 14 години искуство во светскиот гигант SAP (Palo Alto, California) како специјалист за дизајн на кориснички искуства и интервенции ги обучува компаниите при процесот на подготовка на производите за претставување на пазарот.
Двете програми ќе бидат поделени на теоретски и практичен дел и ќе опфаќаат различни сегменти за опслужување на сите таргет групи кои што се засегнати од овие теми.
Првата програма,
BOOT CAMP за КОРПОРАТИВНИ ИНОВАЦИИ е наменета за етаблирани компании и компании во раст што сакаат да ги унапредат постојните производи и преку иновации да освојат нови пазари, како и за студенти, средношколци, фрилненсери кои што сакаат да научат повеќе за корпоративно претприемништво и иновации и соодветно да ги применат во соработка и за потребите на компаниите учеснички.
Теми и практични работи кои што ќе се опфатат од менторите заедно со соодветните целни групи се следните:
Втората програма,
ПРОДУКТ РЕ(ДИЗАЈН) SPRINT е наменета за стартапи и претприемачи или за индивидуалци кои имаат почетна идеја и сакаат да научат за експоненцијалните технологии, како и да ги подобрат постоечките производи и услуги или идеи или пак да развијат сосема нови за настап на светски пазар.
Теми и практични работи кои што ќе се опфатат од менторите заедно со учесниците се следните:
Заради заложбите на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот да креира успешен деловен екосистем во Македонија и пласман на иновативни македонски производи и услуги на светските пазари учеството на овие два настани е овозможено по бенефицирани цени и тоа:
• Компании: 2400 ден. за 1 лице / 3600 ден. за 2 лица / 4400 ден. за 3 лица
• Студенти и средношколци: 300 ден. за 1 лице
• Freelancer: 500 ден. за 1 лице
• Стартапи и Претприемачи: 1200 за тим до 3 лица плус 300 денари за секој дополнителен член.
Резервирајте ги вашите места што поскоро, а најдоцна до 10ти ноември. Местата се ограничени!