Работното место кое привлече 10.000 Кинези

Работното место кое привлече 10.000 Кинези

Подготвил: Светлана Петковска

Околу 10.000 Кинези кои бараат работа на пазарот на трудот се пријавија за позицијата шеф на канцеларија - работно место кое го нуди една кинеска политичка партија.

 

rabota


Аплицирањето за работа на кинескиот пазар на труд започна на 15 октомври, со повеќе од 27.000 понудени работни места во повеќе од 120 централи одделенија, привлекувајќи 1.4 милиони кандидати.

Меѓутоа, едно работно место привлече најголем број на кандидати. Имено, работното место кое го понуди Кинеската демократска лига во Пекинг привлече 9.504 кандидати. Позицијата е шеф на канцеларијата за прием, а задачата на кандидатот ќе биде да организира состаноци, настани и приеми. Можат да аплицираат сите кандидати кои имаат завршено високо образование.

Не е јасно зошто ова работно место предизвика толку интерес меѓу кандидатите, иако професорот од Кинеската академија за самоуправа, Жу Лиџиа, вели дека кандидатите се привлечени од атрактивната локација на самото работно место, скромните барања и самите придобивки поврзани со позицијата.

„Кога луѓето прават избор, тие имаат тенденција да одат според принципот на економија. За нив е природно да изберат работни места кои нудат подобри бенефиции и можности за развој“, вели професорот.

Минатата недела, кинеската агенција за вработување на службеници во владата ги охрабри сите оние кои бараат работа да започнат да аплицираат и за оние работни позиции кои не се толку популарни.

„Се надеваме дека повеќето кандидати ќе направат рационална одлука при изборот на работни места и ќе ги земат во предвид карактеристиките на секоја работа како и своите лични услови“, велат од агенцијата.