Што студираат странците во Русија и кои се најпопуларни универзитети?

Што студираат странците во Русија и кои се најпопуларни универзитети?

Подготвил: М.Д.

Трендот за студирање во Русија станува многу актуелен и сé повеќе студенти се одлучуваат за образование таму. Информативниот билтен „Факти за образованието“ ги изнезува и статистиките за академската мобилност на странските студенти.

русија


Според податоците, поголемиот дел од странските студенти или 79,2% доаѓаат од земјите на поранешната СССР: Казахстан, Туркменистан, Украина, Белорусија итн. По нив следат други земји од Азија, Африка и Блискиот Исток, а најмалку се застапени студентите од Северна Америка, Австралија и Океанија. Русија дава финанскиска поддршка на 31% од студентите.
Додипломски студии имаат запишано 52,3% странски студенти, 5та година магистерски студии 38%, а двегодишни магистерски студии изучуваат 9,7% од вклупниот број странски студенти.

Најактуелни факултети


Медицинските и економските факултети, студиите за менаџмент и хуманистички науки се најпривлечни за странските студенти, а најмал интерес има за информатика и компјутерски науки. Популарни се и правните студии.

Рускиот универзитет за пријателство меѓу народите е на прво место по број на странски студенти, а често се избираат и Првиот московски државен медицински универзитет „Сеченов“ и Националниот истражувачки томски политехнички универзитет.