Србија со нови мерки со кои на студентите нема да им падне на памет да мамат

Србија со нови мерки со кои на студентите нема да им падне на памет да мамат

Подготвил: Светлана Петковска

Опомената, јавната осуда и одземање на наставничкото звање, се само некои од мерките кои се предвидени од страна на етичкиот кодекс, усвоен од страна на Националниот совет за високо образование, кој ќе се применува на сите 18 државни и приватни универзитети во Србија.

Досега, само некои колеџи имале свои кодекси, а сега за прв пат ќе биде уредено на повисоко ниво. Поради тоа сите студенти и професори, кои ќе бидат фатени во плагијат и секој друг вид на измама ќе бидат строго казнети.


кодекс


Едногласно бил усвоен документот „Основа за кодекс на академскиот интегритет на високообразовните установи во Република Србија", што и овозможува на академската заедница без оглед на судската постапка, да спроведе санкционирање за неетичкото однесување односно изработка на плагијат трудови, фалсификување на резултатите од истражувањата и несоодветен однос со колегите, кон студентите и обратно.

„Овој кодекс се појави како внатрешна потреба на академската заедница да се спротивстави на некои форми на повреди на правата, поради што оваа област досега не беше добро уредена и само некои универзитети имале свои кодекси“-објаснил доктор Дејан Поповиќ, редовен професор на Правниот факултет и претседател на „NSVO“.

Како изгледаат некои од поблагите мерки, прочитајте на сајтот Blic.rs