Необични знаци што покажуваат дека сте гениј

Необични знаци што покажуваат дека сте гениј

Подготвил: М.Д.

Кога се зборува за интелигенција често се асоцира на терминот „гениј“, но не секогаш овој збор е правилно разбран.

дедо со книга


Има многу знаци што се поддржани од науката, а укажуваат на тоа дека сте гениј.

1. Останувате будни до доцна навечер: многу истражувања биле направени со цел да се докаже дека децата што останувале будни навечер до доцна, се поинтелигентни од нивните предци. Една од причините за ова е технолошкиот напредок, кој прави мозокот да посегне по технологија навечер во потрага по стимулација, игнорирајќи ги природните циклуси на денот и ноќта по кои се ориентирале предците.

2. Саркастични сте: науката го поврзува сарказмот со креативноста, а тоа подразбира и дека саркастичните луѓе се поинтелигентни. За да се биде саркастичен потребно е повеќе време за размислување, што е исто така одлика на поинтелигентните.

3. Прекумерно размислувате и се грижите премногу:
овие луѓе се едни од најинтелигентните затоа што прекумерното размислување и грижите се знак на имагинативност, која пак, се поврзува со креативноста на личноста. Следниот пат кога ќе забележите дека размилувате прекумерно, зафатете се со некоја креативна активност.

4. Имате социјална анксиозност: оваа состојба има многу повеќе карактеристики и се одликува со одредено однесување. Но, од друга страна, луѓето што се анксиозни и постојано ја анализираат околината и она што се случува, формираат идеи и процесираат информации многу повеќе од нормално, што бара и поголема интелигенција.

5. Зборувате сами со себе: спротивно на популарните мислења, зборувањето сам со себе е знак дека сте гениј или барем поинтелигентно човечко суштество. Оваа вежба може да Ве ослободи од стрес, да ги подобри когнитивните способности и да Ви помогне да се фокусирате подобро на задачата што треба да ја извршувате.

6. Преферирате мачки, а не кучиња:
љубителите на мачки се сметаат за поинтровертни, со отворен ум и е поверојатно да се нонконформисти. Миленичето најчесто се бира според типот на личноста, а интровертните, воедно и љубители на мачки, најчесто важат за поинтелигентни.

7. Расеани сте: луѓето што имаат повеќе истовремени активности и подинамичен живот е веројатно и да се повеќе расеани. Но, способноста да се справувате со неколку проекти и да ги извршувате задачите најизменично е знак дека имате висок коефициент на интелигенција. Ако постојано мислите на повеќе работи од еднаш и не сте способни да се фокусирате на конкретна задача, всушност си ги ширите хоризонтите и сакате да постигнете повеќе. Ваквиот начин на функционирање на мозокот може да Ви го открие креативниот гениј во Вас.