Каде е креветот од делото на Ван Гог „The Bedroom“?

Каде е креветот од делото на Ван Гог „The Bedroom“?

Подготвил: Маја Пероска

Делото „The Bedroom“ на Ван Гог од 1888 година, секогаш нудело редок, интимен поглед во животот на уметникот.


Креветот кој е насликан се верува дека се уште негде стои по сите поминати години, барем така вели историчарот по уметност Мартин Бејли во неговата нова книга. Тој истражувал информации за тоа каде се наоѓа креветот и нашол траги кај негов потомок кој го донирал креветот во Холандија во 1945-та година. Ван Гог го купил креветот во септември 1888 година, заедно со гостински кревет кои чинеле по 150 франци. Гостинскиот кревет бил наменет за негов пријател уметник кој доаѓал во посета. Делото „The Bedroom“ е создадено како документ за неговиот прв дом. По неговото самоубиство во 1890 година, креветот го поседувала вдовицата на неговиот брат чие име било Џо, која потоа го донела креветот во Холандија за да биде користен во малечка гостинска куќа која таа ја формирала.

Бејли пронашол писмо од 1937 година кое било одговор на позајмени уметнички слики, упатено до внукот на Џо. Внукот исто така се викал Винсент кој сакал да отвори музеј. Па во писмото стоело дека таа ќе му го даде креветот кој е насликан во „The Bedroom“.

Музејот никогаш не се отворил, а зградата каде што требало да се наоѓа истиот била бомбардирана и уништена. Бејли контактирал со синот од Винсент (внукот на Џо) во 2015 година – Јохан Ван Гог, кој тогаш имал 93 години. Тој го информирал дека креветот бил дониран кај жители близу Амхем во 1945 година, место кое подоцна се нарекувало Боксмир, мал град во кој креветот се уште се наоѓа, смета Бејл. Тој исто така мисли дека сегашниот сопственик на креветот не е свесен за неговото потекло.

Ван Гог насликал три верзии од „The Bedroom“ – верзијата од 1888 стои во „Ван Гог“ музејот во Амстердам, а верзиите насликани во 1889 се во Арт институтот во Чикаго и музејот „Орсеј“ во Париз. Како одговор на истражувањата на Бејли, од „Ван Гог“ музејот велат дека би било навистина интересно доколку се пронајде креветот. Од таму најавуваат дека ќе се приклучат кон потрагата.