Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Известување за одржување на мултиплицирачки настан како дел од европски проект финансиран од Еразмус плус програмата

 
На 2ри Ноември 2016 (Среда) со почеток од 9 часот во просториите на Институт за бизнис економија ќе се одржи мултиплицирачки настан со меѓународно учество на тема “Презентирање на Интегрираниот модел за зајакнување на иновативноста и ефикасното учење кај високо-образовните институции”.

 

ispehe

 

Настанот е дел од европскиот проект за иновативно стратешко партнерство за европско високо образование (Innovative Strategic Partnership for European Education – ISPEHE) финансиран од Европската комисија, од Еразмус плус програмата каде Македонија почнувајќи од 2015 за прв пат има можност да учествува како координатор на овој вид европски проекти. Во тој контекст, Институтот за бизнис економија во улога на координатор во текот на изминатите две години успешно го имплементира овој голем, и пред се значаен, европски проект во соработка со уште четири реномирани високообразовни институции од Италија, Словенија и Латвија. Проектот се фокусира кон креирање на иновативен пристап за претприемничко образование и воспоставување на линк помеѓу високообразованите институции и бизнис заедницата. Сето тоа со цел да се воспостават заеднички модерни наставно практики на база на постоечки курикулуми, да се подигне свеста за иновација и интрапретприемничката култура кај студентите, како и да се зајакне врската помеѓу високообразовните установи и бизнис секторот.

 

На мултиплицирачкиот настан ќе биде презентиран интегрираниот пилот модел за зајакнување на иновативноста и ефикасното учење кај високообразовните институции, кој е создаден врз основа на постоечките наставни програми во петте партнерки институции, од кои две се високо рангирани на Шангајската листа на високообразовни институции.
 
Објавено на 01.11.2016 во категорија Образование
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Образование