Месечен хороскоп за ноември 2016 година

Месечен хороскоп за ноември 2016 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Какви совети хороскопот има за вас за претстојниот месец?

 

1

 

Овен

Работа - Драги Овнови, ноември ќе остане забележан како успешен и плоден месец за повеќето од вас кои работите. Вашата лична планета Марс е активна во вашето поле на кариерата, што значи дека со вешто менаџирање ќе го реализирате она што сте го зацртале и ќе ги завршите започнатите проекти, ќе се изборите со конкуренцијата и ќе стекнете предност и афирмација.

Љубов - Вашиот брачен и партнерски живот е во фаза на цветање. Околу повеќето важни семејни прашање пронајдовте усогласување, а и меѓусебниот однос е на завидно ниво. Нагласената осма куќа укажува дека во овој период, освен ментална и емотивна поврзаност, ќе имате доста страст и ќе пронајдете заемно задоволство во креветот.

Здравје
- Ќе имате чувство дека сте се подмладиле.

Бик

Работа - Ноември ќе биде доста значаен месец за оние кои работат, со оглед на тоа што 80 до 90% од планетите се наоѓаат на горната половина на хороскопот, поддржувајќи развој а вашата кариера. За подобри резултати потребни се промени во методот на работење како и повеќе надворешна ангажираност. Големата ангажираност надвор од фирмата ќе направи да ги промените крутите ставови и да си дозволите себеси да излезете надвор од вашите граници и стереотипи.

Љубов - Можете со сигурност да кажете дека во ноември целосно сте успеале да ги стабилизирате односите со вашиот партнер. Сонцето во вашето поле на брак и партнерски односи, како и планетата Јупитер во знакот на Вага ќе ја насочи вашата енергија и вниманието кон партнерот, па така ќе се роди нов жар со што ќе се подобри вашиот заеднички живот.

Здравје - Што се однесува до здравјето, тоа ќе биде деликатно до 22 ноември. Обрнете внимание на исхраната.

Близнаци

Работа -
Ве очекува доста работа, особено околу поставувањето на јавни стратегии и реконструирање на финансиската политика. Вашето залагање, упорност и интелект ќе ве одведат на вистински пат и ќе бидете целосно подготвени да прифатите нови предизвици и успеси, кои ќе се случат на крајот на ноември. Ве очекува доста работа околи вложувањето и пропустите во претходниот период.

Љубов - Во ноемвриските есенски денови можете целосно да се опуштите во сигурноста и топлината на вашиот дом и она што ви го овозможува самиот однос со постојаниот партнер. Јасно ви е дека поради обостраната голема ангажираност на работа, потребен е компромис, разбирање и нежност и внимание еден кон друг. Во текот на ноември, оние слободните пак, ќе продолжат интензивно да се дружат, забавуваат и флертуваат.

Здравје -  Одлично!


Рак

Работа
- Распоредот на планетите во ноември ветува одлични прогнози за Раковите кои се во приватен бизнис. Во овој период, ќе биде потребно да извршите мало реконструирање на компанијата и ќе треба да ги регулирате работните односи, кадровските прашања и меѓучовечките односи во самата компанија бидејќи од 22 ноември ве очекува скок на вашиот бизнис. Ќе имате далеку подобра ситуација во однос на претходните кризни месеци.

Љубов - Со излегувањето на Марс од вашето поле на брачни и партнерски односи, ќе заврши кризниот период во однос на вашиот постојан партнер. Неслогата, напнатоста и ситните расправии, ќе бидат заменети со чувство на поврзаност и блискост. Повторно ќе се почувствува романтичниот занес и љубов кон партнерот. Доколку подолго време сте во врска, тогаш ве очекува брак.

Здравје - Високо ниво на енергија - искористете го.

Лав

Работа - Работната ситуација за Лавовите кои се во приватен бизнис е помалку стабилна во споредба со претходните месеци. Можно е неочекуваните пари од банка или од бизнис партнерот да доцнат, па така во периодот на чекање ќе бидете под стрес. Во периодот од 22 ноември воглавно ќе се занимавате со завршување на проектот или работните задачи. Ситуацијата на работа ќе течи по нормален тек и без поголеми проблеми.

Љубов - Во поголемиот дел од ноември, повеќето планети околу и во вашето четврто поле на семејството ќе ја насочат вашата енергија на регулирање на семејните прашања и членовите од поблиското семејство. Во истиот период, ќе наидете на поддршка за решавање на проблемите околу вашите финансии и проблеми со партнерот.

Здравје - Постарите генерации на почетокот на ноември ќе почувствуваат влошување.

Девица

Работа -
Периодот на просперитет и одлични финансиски резултати продолжуваат и овој месец. Ве очекува необична динамика, ширење на контактите, излегување од вообичаениот работен круг, па можно е да прифатите и помали обврски со кои досега не сте се занимавале. Додека Венера е во вашето поле на домот, ќе имате поддршка и материјална потпора од потесното семејство. Време е да ги реализирате вашите креативни идеи и даги пласирате во вашето петто поле во знакот на Јарец.

Љубов - Како што планетарната енергија се сконцентрира скоро во најјужната точка на хороскопот и околу вашето поле на домот и семејството, овој сегмент на вашиот живот овој месец ќе ви биде од голема важност. Домот и семејството за вас ќе станат посебна движечка сила и извор на поддршка и енергија. Вашиот брачен и партнерски однос влезе во фаза на стабилизација, што во овој период ќе ви овозможи да постигнете огромен успех.

Здравје
- Општата здравствена состојба е значително подобрена во ноември.

Вага

Работа
- Вашиот бизнис во текот на овој месец ќе напредува, а тоа особено ќе се почувствува низ финансиите, бидејќи Сонцето, кое престојува во вашата втора куќа на материјални добра се' до 22 ноември, ќе влијае на тоа да постигнете фантастична заработка и финансиски резултати. Цел месец ќе бидете доста успешни во комуникацијата, манипулацијата со парите, маркетингот и тргувањето.

Љубов -
Планетарната енергија се концентрира околу полето на вашето семејство, а вашата лична планета, Венера, во ова поле влегува на 12 ноември, наговестувајќи ја важноста и предноста на семејните прашања, прашањата во врска со домот и односите. Искористете го овој поволен момент да разрешите неколку критични семејни прашања, како што е распределбата на финансиите, вложувањето во имот и слично.

Здравје - Движете се повеќе.

Шкорпија

Работа -
Шкорпиите кои имаат приватен бизнис ќе го искористат престојувањето на Сонцето во својот знак и ќе изградат работен авторитет со што ќе ја зголемат моќта на пазарот. Иако во овој период вашата концентарација не е на завидно ниво, случките на пазарот ќе ви бидт од корист. Односот со партнерите и пријателите треба да го одржувате на повисоко ниво бидејќи ќе ви овозможи понатамошен развој на вашиот бизнис.

Љубов - На вашата јужна половина на хороскопот се натрупа планетарна енергија од транзитните планети, кои ќе делуваат врз вас за овој период повеќе да се насочите кон себеси, партнерот и семејството. За оние кои пливаат во слободните води, ќе ве воодушеви претставник на знакот Риби, Бик, Рак, Овен или Јарец. Постои можност да влезете во една романтична врска исполнета со многу страст.

Здравје - Изгледате фантастично и полни сте со енергија.

Стрелец

Работа -
Транзитните планети се движат кон вашата источна половина на хороскопот, охрабрувајќи ја вашата самоувереност во врска со изборот на вашиот бизнис. Со планирање на стратегии, полесно ќе дојдете до конечни одлуки и во овој месец посебно е важно да знаете дека сте на вистинскиот пат, а одлуките кои ќе ги донесете да се праведни и да водат кон напредување на вашиот бизнис.

Љубов - Во текот на ноември вашиот брачен или партнерски живот ќе се движат без никакви проблеми. Ќе имате поддршка од вашиот партнер и лесно ќе пронајдете согласност околу секојдневните обврски и оние комплицираните проблематични прашања. Слободното време ќе го поминете опкружени со вашите пријатели. Партнерот ќе ја следи вашата потреба за нови сознанија и заедно ќе посетувате културни настани.

Здравје - Не ја занемарувајте редовната физичка активност.

Јарец


Работа - Во ноември работната ситуација е доста добра. Во овој период од голема важност се контактите кои и имате и на одреден начин вмрежувањето со повеќето корисници на вашиот производ. Проверете колку вашиот производ е во согласност со времето во кое живееме и колку е профитабилен. Исто така, од голема корист е да ја запознаете конкуренцијата, нејзината стратегија и начинот на делување за мудро да ја разработите вашата стратегија.

Љубов - Во текот на ноември ќе бидете окупирани со обврски околу работата. Вашата работа бара отсуство од вашиот дом, семејство и партнерот, бидејќи ќе работите и надвор од работното време, а слободното време ќе го поминете со партнерите од работа или со други работни обврски. За слободните Јарци ноември ќе биде доста динамичен месец во кој ќе продолжите интензивно да се дружите со поширок круг на познаници од кои една личност ќе го привлече вашето внимание.

Здравје - Внимавајте на храната и доволно одмарајте.

Водолија

Работа
- Ве очекува доста успешен работен период, кој ќе го претставува продолжувањето на просперитетот на вашиот бизнис, кој веќе започна да се шири уште кон крајот на минатиот месец. Енергијата на Сонцето во полето на вашата кариера ќе влијае да се истакнете, да се поврзите со авторитетите во браншата и да го унапредите вашиот бизнис. Неочекувано големата побарувачка за вашиот производ ќе предизвика одлична динамика.

Љубов - Во овој период брачниот или партнерскиот живот ќе добијат практичен карактер, каде функционирате како добри пријатели. Ова може да биде добар месец за оние парови кои работат заедно или имаат заеднички работни интереси и во тоа си даваат поддршка еден со друг. За слободните Водолии следува кратка љубовна афера и ново стекнати пријатели.

Здравје - Променлива здравствена состојба.

Риби

Работа -
Ќе вложите доста напор за вашите идеи да се пласираат и да направат чекор со што дополнително би се развил вашиот бизнис. Ќе наидете на препреки и проблеми бидејќи присуството на Сатурн во полето на вашата кариера ќе ви смета и ќе го ограничува патот до вашиот бизнис. Во овој период ќе имате можност да ги покажете вашите комуникациски и социјални способности како и уметничкиот и дизајнерскиот талент. Многу Риби ќе добијат пофалба и признанија.

Љубов - Рибите кои се во брак и оние кои се во долга сериозна врска, ќе имаат потреба да ги прекинат старите навики и да се соочат со партнерот во врска со одредени проблеми кои се провлекуваат веќе подолг временски период. Рибите кои се сами во ноември ќе бидат друштвено поактивни и ќе се потрудат да го подобрат својот забавен и љубовен сегмент од животот. Постарите Риби ќе имаат можност да сретнат личност по сопствена мера.

Здравје - Време е да ја „спуштите топката“ и да одморите.