Ќе се гради првиот стадион од дрво во светот

Ќе се гради првиот стадион од дрво во светот

Подготвил: Маја Пероска

Компанијата „Zaha Hadid Architects“ ќе гради несекојдневен стадион за британскиот фудбалски клуб „Forest Green Rovers“ од градот Нејлсворт. Тоа ќе биде првиот стадион од дрво на светот и ќе има 5 илјади седишта.


Лондонската компанија која ја основала Заха Хадид, познатата жена архитект која почина пред 8 месеци, победила на меѓународниот натпревар за дизајн на стадионот во конкуренција со други 50 компании.

Стадионот ќе биде „најзелениот стадион на светот“  бидејќи ќе биде изграден исклучиво од дрво и ќе се снабдува со обновлива енергија. Ќе има најнизок состав на јаглерод диоксид и брановиден облик. Ќе се води сметка за положбата на секој посетител со цел гледачите да имаат соодветен поглед без пречки.

Компанијата е позната по градбата на центарот за Олимписки игри во Лондон изграден во 2012-та година, како и арените за Светското фудбалско првенство во Катар во 2011 година. Исто така го дизјанирале и стадионот за Олимписки игри во Токио за во 2020 година, но на контроверзен начин таа здлека им е одземена во корист на верзијата на јапонскиот архитект Кенго Куме.

 По смртта на Хадид, компанијата ја води нејзиниот некогашен партнер Патрик Шумахер. Се уште напорно се работи, а неодамна од компанијата најавија и планови за изградба на археолошки центар во Саудиска Арабија, како и дизајнирање на трофејот за наградата Brit Awards.