Логопедите играат важна улога во раното откривање на одредени тешки развојни нарушувања кај децата

Логопедите играат важна улога во раното откривање на одредени тешки развојни нарушувања кај децата

Подготвил: Светлана Петковска

Изговарање на буквите: р, л, љ, ч, џ, ш, ц, з, с, предизвикуваат најголеми проблеми во говорот кај идните првачиња. Со цел кога ќе почнат на училиште полесно да ја совладаат азбуката, со предучилишни вежби и помош од логопед во здравствените центри може да се надмини овој проблем.

Според Савке Павловски, логопед во Здравсвениот Дом „Доктор Милутин Ивановиќ“ во Палилула, шестгодишните деца најмногу проблеми имаат со изговарање на 12 гласови. Низ оваа здравствена установа минатата година поминале 2.850 деца, односно секое петто дете до шест години кое живее во Општина Палилула, Србија.


логопед


„Прегледот од логопед е еден од задолжителните за деца од предучилишна возраст, а заеднички проблем кај децата е нарушување на артикулацијата и изговорот на одредени гласови“-објаснува Павловски

Се верува дека детето на седум години треба правилно да ги изговара сите гласови. Важно е родителите да ги надгледуваат нивните деца и на време да се јават на логопед, со цел да се реши проблемот. Голема улога имаат и педијатрите, па тимската работа води кон добри резултати.

Примарниот фонолошки развој завршува до пет години, вели Павловски, а меѓу шестата и седмата година, детето треба да ги совлада движењата на раката, за правилно да држи молив, да може да обликува букви, да умее да ги препознае  и да ги прочита. Доколку одредени отстапувања во развојот на говорот кај децата не се исправат на рана возраст може да доведе до тешкотии во совладувањето на материјалот во училиштето.

Освен што им помагаат на децата од предучилишна возраст во развојот на говор, логопедите играат значајна улога во раното откривање на одредени тешки развојни нарушувања како што е аутизам. Раната дијагноза е многу важна, а сето тоа  треба да се одвива во соработка со педијатрите и родителите.

Фина моторика

Со посебните вежби за фина моторика, логопедите ги учат децата правилно да држат молив, креда, боица, да совладаат линии и кривини, да ги врзуваат врвците од обувките.  ​​

Вежби кои се прават за совладување на овие вештини се: влечење на јаже преку дупки, собирање на парчиња хартија, фрлање на зрна од пченка во пластично шише и многу други игри. Освен што развиваат вештини за фина моторика, овие вежби придонесуваат за зајакнување на концентрацијата и трпението кај децата.
Save