Бесплатна обука од едукативниот центар на Пивара Скопје... Пријавете се!

Бесплатна обука од едукативниот центар на Пивара Скопје... Пријавете се!

Доколку сте млади и сте во потрага по унапредување на нови вештини и знаења за како полесно да ги надминете пречките при вработувањето тогаш нашата обука е одлична можност за Вас. Обуката е целосно бесплатна и предност им се дава на оние кои потекнуваат од социјално ранливи категории.

Што ќе научам?
Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис, обуката „Вештини за успех” е создадена за да поттикне дополнителен напор за подобри резултати во барањето работа, отвореност за учење, нови искуства и страст во постигнување исклучителни резултати.

Модул 1

Разбирање на себе, своите вредности и развојни можности
Комуникација со други
Активно слушање и давање повратни информации (фидбек)
Вештини за пишување CV

Модул 2

Поставување на цели и планови за нивно достигнување
Финансиска писменост и водење проекти
Продажни вештини и вештини за водење преговари
Управување со време

Која е целта на оваа обука?
Преку овие два модула, целта на обуката е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори. Со оваа програма го охрабруваме вработувањето и претприемачката култура и ги мотивираме младите да ја земат иднината во свои раце.

Колку време трае обуката?
Обуката е со времетраење од две недели и ќе се реализира во следните термини: 24.11, 29.11, 01.12 и 06.12 од 17 до 20 часот., во просториите на Едукативниот Центар на Пивара Скопје.

Кој ја реализира наставата?
Наставата е реализирана од нашиот партнер Мотива Доо Скопје, која е високопрофесионална и компетентна компанија во областа на деловната едукација.

Како да се пријавам?
За повеќе информации и пријавување јавете се на: 02 3061 114, 02 3061 834 и 070 358 680, Едукативен центар на Пивара Скопје – Мотивa Доо Скопје.

До кога треба да се пријавам?
Рокот за пријавување е 18.11.2016.
Ве очекуваме заедно да го изодиме патот кон успехот!