Само 10 земји се безбедни во светот

Само 10 земји се безбедни во светот

Подготвил: Маја Пероска

Има само 10 земји, за кои се смета дека во нив нема конфликтни ситуации. Ова стои во 10 годишното издание на Индескот за глобален мир, кое беше објавено оваа година.


Почнувајќи од конфликтот на Блискиот Исток, па се до зголемувањето на смртни случаи од терористичките напади, 2016 година официјално е помалку мирна од претходната година. Според Институтот за економија и мир, овие се единствените земји се сметаат за целосно мирни:

1. Боцвана

2. Чиле

3. Коста Рика

4. Јапонија

5. Маврициус

 

6. Панама

7. Катар

 

8. Швајцарија

9. Уругвај

10. Виетнам

Основачот на IEP Стив Килилиа, изјавил дека најзабележителен резултат од студијата за оваа година е фактот дека ситуацијата на Средниот Исток го повлече рејтингот за просечен мир надолу. “Ако се погледне на светот во целост, тој стана помалку мирен во последните 12 месеци", рече тој. „Но, ако го тргнеме Блискиот Исток надвор од индексот во последната деценија и минатата година - светот би станал помирен. Тоа навистина го нагласува влијанието кое го има Блискиот Исток врз светот“.

Индексот покажува дека политичката нестабилност е присутна во 39 земји во последните 12 месеци, вклучувајќи го она што во извештајот е опишано како „зачудувачки случај“ на Бразил, која падна за пет места , до 105-то во пресрет на Олимписките игри.

Исланд повторно е прогласена за најмирно држава во светот, по што следи Данска, Австрија, Нов Зеланд и Португалија. Сирија пак, и натаму е прогласена за најмалку мирна земја.