Телефонот, таблетот и лап топот со најдолго траење на батеријата

Телефонот, таблетот и лап топот со најдолго траење на батеријата

Подготвил: Маја Пероска

При купувањето на паметен телефон, таблет или лаптоп времетраењето на батеријата е една од најважните работи кои треба да бидат земени предвид.


Една група на потрошувачи направи испитување за времетраењето на батеријата на паметните телефони, таблети и лаптопи и утврдиле дека некои паметни телефони се гасат после 180 минути користење, односно пребарување на интернет.

Батеријата на телефонот HTC 10 се покажала како најиздржлива. На овој телефон батеријата се празни по 1,859 минути континуирано време за разговор, тоа е само неколку минути помалку од вкупно 31 часа. При испитувањето се покажало дека паметен телефон со најлоша батерија е  EE Rock, кој се гаси по само 3 часа сурфање. Најдобри перформански кога се однесува за батерија овозможува  Samsung Galaxy Tab A 9.7. Неговата батерија трае во просек од 16 часа пред да се изгасне.

Ако планирате да користите таблет за некои важни работи тогаш сигурно треба да го избегнете Acer Iconia B1-710 бидејќи неговата батерија трае само 3 часа.

Од лаптопите најтраен се покажал моделот на Toshibа Satellite Click 10. Во споредба со него, Asus Zenboook Pro UX501 чини повеќе, но неговата батерија трае само 2 часа и половина.