Препораки и предлози за ослободување на студентите од стресот

Препораки и предлози за ослободување на студентите од стресот

Подготвил: Б.Б.


За намалување на напнатоста потребно е да се соберат повеќе предлози, но најважно е да се биде свесен за значајноста на подготовката, која е ефикасна само доколку се сфати како процес. Благодарение на насоките кои може секојдневно да се применуваат, се избегнува неуспехот во студирањето предизвикан токму од стресот.

Студентите и стресот

Основно е да утврдите план за учење со цел да постигнете уредност и прегледност во текот на работата. Со придржувањето до утврдениот редослед и распоред се постигнува појдовна точка со што се избегнува одолговлекување и отстапување од посакуваната цел. Сепак, во случај да се одложи почетокот на реализацијата на планот, неопходно е реално да се разгледа можноста за негово постигнување.

Откако ќе го ставите во употреба изработениот нацрт работен план, неопходно е да ги прилагодувате активностите од тековниот ден со предметите што се однесуваат на наредниот ден, поради што треба да имате постојан увид во распоредот. Потребно е неопходните чекори порано да се утврдат и на тој начин да се обезбеди поволна ситуација во приликите кога ќе дојде до неизбежни промени во однос на условите и термините за испит.  

Се препорачува енергијата на почетокот од денот правилно да се насочи кон материјата што бара поголем напор. При изучувањето одредена научна област со изразена потреба за подлабинско разбирање, олеснете си со тоа што ќе си го поделите материјалот. Како дополнување на споменатиот образец на учење, повторувањето на материјалот игра голема улога во заокружувањето на тематската целина.   

Главна забелешка е што студентите не го проценуваат вистинскиот момент кога треба да се почне со учење. Според тоа, не чекајте да почнете да се подготвувате. Откако ќе ја заокружите содржината од предавањата и вежбите, правилно е да ги проширите размислувањата врз основа на прочитаниот и изминат материјал. 

Приоритетно е да ги забележувате работите и активностите што ве ограничувале и ве прекинувале во учењето, бидејќи е важно целосно да ги отстраните. Исто така, подредете ги постапките што довеле до позитивни резултати, доколку сте ги изоставиле во текот на работата.  

На денот на испитот, насочете се кон тоа што ви го подобрува расположението, а ви ја намалува тензијата. На тој начин ќе ви се подобри самодовербата, што ќе ви влее сигурност при решавањето на задачите и прашањата, а ќе ви помогне и побрзо да размислувате.

Генерално, важно е да се знае временски почетокот и крајот на процесот на учење. Меѓутоа, не смеат да се запостават придобивките од паузите во текот на учењето, а тоа се подигнување на нивоата на активност и концентрација. Работниот план и стимулативната организација ќе ви помогнат да го избегнете притисокот на времето и да стекнете нови знаења. Ќе стекнете корисни навики и вештини што ќе продолжите адекватно да ги користите. На крај, наградете ја востановената практика со задоволителни резултати и исполнети цели.