Времето во Македонија во наредните денови

Времето во Македонија во наредните денови

Денес е вторник, 8 ноември 2016 година, 313-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:09, а ќе зајде во 16:24 часот. Денот ќе трае 10 часа и 15 минути.

Пролетно и невообичаено топло утро во Македонија. Во северозападните, северните и североисточните предели облачно време, додека пак во останатите предели имаме претежно ведро време со појава на локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во текот на денот ќе биде умерено облачно време со врнежи од дожд, топло и ветровито. Поинтензивни врнежи се очекуваат во крајните западни и северозападни предели, како и во источните и североисточните предели каде локално може да наврнат и над 30 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува засилен југоисточен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Минималните температури од 9 до 17 степени, а максималните до 13 оидносно до 23 степени.

На планините над 2600 метри со врнежи од снег.

СКОПЈЕ – Во Скопје умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и топло време. Ќе дува доумерен и засилен јужен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 19 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Врнежите од дожд ќе продолжат и во среда но со многу посилен интензитет, значи не очекуваат поројни врнежи од дожд, а локално може да надминат и 40 литри дожд. Максималните температури од 8 до 17 степени. Во четврток и петок умерено облачно време со услови за повремени сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови со врнежи од дожд, над 1600 метри со провејување на слаб снег. Температурите ќе бидат во опаѓање, особено утринските, а пак дневните во четврток од 7 до 16 степени, а во петок од 9 до 18 степени. Во сабота облачно со врнежи од дожд и температури од 7 до 16 степени.

Weather4all.com.mk