Што се случи во САД во рок од неколку часа по избирањето на Трамп за претседател?

Што се случи во САД во рок од неколку часа по избирањето на Трамп за претседател?

Подготвил: М.Д.

Доналд Трамп официјално ќе стане претседател од јануари 2017, но во рок од неколку часа по победата, веќе се забележани неколку промени.

трамп


Министерот за образование од владата на Израел објавил дека идејата за палестинската држава веќе ја нема. Имено, тој изјавил дека „победата на Трамп е можност за Израел да се повлече од идејата“.

Американските муслиманки кои носат хиџаб се исплашени за нивната безбедност ако го носат истиот.


Демонстранти започнале да палат превртени автомобили во големите градови како Калифорнија, Орегон и Вашингтон во знак на протест против победата на Трамп.

Глобалните финансиски пазари трпат големи штети.
Инвеститорите се вртат кон сигурни вредности како злато, а девизните пазари се во огромен пад. Инвеститорите стравуваат дека следува нестабилност на долг рок.

Поранешниот гувернер на Алјаска, Сара Пејлин, дала изјава дека  Америка и Британија ќе се „врзат“ по изборите.

Поранешен лидер на Кју Клукс Клан, Дејвик Дјук изјавил дека ноќта на изборите била највозбудливата во неговиот живот, со што јасно покажал дека го поддржува Трамп.

акции обновлива енергија

Акциите на компаниите за обновлива енергија кои се застапени во САД се во пад

по изборот на новиот претседател. Трамп претходно има изјавено дека климатските промени се измама поттикната од Кинезите за да се осакати американската индустрија. За разлика од ова,

акциите во воената индустрија бележат рекорди.


Руските политичари ја слават победата на новиот претседател на САД. Објавувањето на победникот било проследено со аплауз во од парламентарците, Путин му испратил телеграма за честитки, а неговите луѓе јасно изразиле задоволство затоа што ја победил Хилари.

Во Канада, страниците за имиграција доживеале пад поради зголемена активност од американски посетители
. Официјалната страна престанала да работи преку ноќверојатно затоа што многу жители на САД сакаат да емигрираат на север.

Лидерите на Џихадистите му посакале топло добредојде на Трамп.
Еден од нив Хамза ал Кариби, говорник на Ал Каеда, на социјалната мрежа Твитер напишал дека победата на Трамп е голема шлаканица за оние што ја промовираат ефикасноста на демократските системи. Друг истакнат џихадист, др Тарик Абдел рекол дека оваа победа е лоша за нив на кратки стаси, но долгорочно им оди во прилог на муслиманите, затоа што Трамп ќе ја уништи САД.

Мексиканскиот министер за надворешни работи изјавил дека Мексико нема да плати за ѕидот кој новиот претседател планира да го гради на границата за да ги запре имигрантите. Тој, како што рекол министерот, не е дел од нивните визии.