Швајцарски правила за мајката и детето

Швајцарски правила за мајката и детето

Подготвил: М.Д.

Пишува: Тамара Милаковиќ за politika.rs 

Еве не во Базел и сега сме тројца. Нашиот мал трет член дојде на свет пред неколку месеци во најлуксузната болница на светот. Трошоците за преглед за време на бременоста, породувањето и престојот во болница во Швајцарија се на товар на здравственото осигурување. Месечно тоа изнесува најмалку 200 франци, а колку што е таа сума поголема, толку е поголема годишната франшиза преку која сѐ се рефундира.

куќа во базел


Со огромни болки доаѓам на породилно, пространа, остветлена просторија со мал базен, огромен кревет, некакви пилатес топки, столици и сите останати алатки за пораѓање кои современата медицина би можела да ги измисли. Неколку месеци пред терминот дома Ви испраќаат прашалник за тоа како сакате да се породите – да го наполнат базенот ако се одлучите за раѓање во вода.

Кога сé ќе помине, две љубезни бабици кои за сето време се со Вас и со Вашиот сопруг, ве преместуваат на уште поголем и поудобен кревет на кој што Ве носат во Вашата соба. Таа е како во хотел со 5 ѕвезди, чиста, уредна. Бидејќи избрав помала клиника, во собата бев речиси цело време сама. Тоалетот беше среден, со 5 пешкири, туш кабина, анатомска шојла...

Сестрите и бабиците се толку љубезни што почнаа по малку да ми создаваат нервоза. Доаѓаат на половина час да Ве прашаат дали Ви треба нешто, што ќе јадете утрешниот ден за појадок, ручек и вечера, па го пресоблекуваат бебето, го носат на преглед, па пак Ве прашуваат дали Ви треба нешто и така 4 дена. Во еден момент во собата дојде и духовна советничка, а потоа и професионален фотограф. Нереално. Размислвам за сите сиромашни мајки кои раѓале во босанските болници, каде што морате и Ваши ќебиња да си донесете со себе. Овде во Базел треба да донесете само четка за заби, а верувам дека ако ја заборавите, ќе добиете друга.
Пресреќна излегувам од болницата и мислам колку е прекрасно што ќерка ми сум ја родила во ваква земја што има одличен третман кон децата.

Сончев пролетен ден. Јас и сопругот најдовме стан во Алшвил, населба три километро оддалечена од центарот на Базел. Мирно и убаво уредено место, со поголем дел приватни куќи, а има и ниски згради опкружени со зеленило. Пред мојата зграда нема клупа или место каде што би се одморила. На 200 метра понатаму на еден мал паркинг соседите поставиле клупа и маса. Овде под сенка знаев понекогаш да читам весници додека Ивана спие. Така до еден ден!
Додека читав во мир и тишина, каква што постои само во оваа земја, ми пријде човек, веројатно постанар од зградата и почна да ми вика зошто седам на приватна сопственост, дека тоа не е јавен парк и дека јас не сум единствена што ја злоупотребува неговата клупа. Шокирана и речиси расплакана побрзав кон мојата зграда. По настанот седам само пред мојата зграда на бетонските скали.

Потоа шетајќи се почнав да ги забележувам знаковите што Ви објаснуваат каде не може да поминете или уште полошо, да се задржите. Никогаш до тогаш не сум видела знак на кој е прецртан човек.

Сличен, можеби и уште понемил настан се случи пред неколку дена. Мојата 19 месечна ќерка обожава да ги набљудува децата од блиското основно училиште кога се на игралиштето на големиот одмор. Се работи за деца од 5-6 години кои се многу интересни. Ние се трудевме да бидеме на игралиштето токму за време на големиот одмор. Сѐ до еден ден!

Пред некој ден ми пријде наставник од училиштето и се обидува да ми објасни дека добил веќе некои информации за жена што редовно доаѓа со ќерката за време на големиот одмор барајќи нови контакти! Ми рече дека детското игралиште за време на наставата е резервирано само за учениците од училиштето и дека ако сакаме може да дојдеме тука во попладневните часови.

И така седејќи на своите бетонски скали размислувам дали ова е навистина земја во која што сакам моето дете да расте. Дури и оној Риц во кој се породив, со сите оние досадни сестри, сега ми изгледа толку површно и неважно. Се сеќавам и на Андриќ кој вели дека несреќното детство се лекува цел живот.