Што ќе се случи со Твитер профилот на претседателот Обама кога Трамп ќе го наследи?

Што ќе се случи со Твитер профилот на претседателот Обама кога Трамп ќе го наследи?

Подготвил: Маја Пероска

Доналд Трамп е следнито претседател на САД и заедно со Барак Обама го направија првиот чекор кон инаугурацијата – остварија средба во Белата куќа. Настрана прашањата за нуклеарни политики и трасфер на моќта – се поставува и поедноставно прашање : Што ќе се случи со официјалниот профил на Твитер на претседателот, кога Обама ќе го предаде местото на Трамп?


Колку и да изгледа смешно, Белата куќа објавила дигитален план за транзиција минатиот месец во кој се одредува што ќе се случува. Кога Трамп ќе стане официјален претседател, профилот на Твитер ќе му биде доделен нему заедно со сите речиси 12 милиони следбеници, но без твитови на неговиот тајмлајн. Сите твитови на Обама ќе бидат зачувани во националните архиви.

Барак Обама беше првиот претседател кој започна со користење на Твитер. Исто така го има и личниот односно приватен профил на Твитер кој се уште е во негова контрола.