НАСА ви овозможува виртуелна прошетка на Месечината

НАСА ви овозможува виртуелна прошетка на Месечината

Подготвил: Тамара Гроздановски

На ваши години веќе е предоцна да се определите за кариера како астронаут. Дури и да имате таква опција, мали се шансите да стапните на Месечината - всушност, не ја посетил никој повеќе од 40 години.

 

 mesecina

Но за среќа, благодарение на НАСА и проектот „Apollo Archive“ сега може да се чувствувате исто како да сте таму.

„VRtually There“ е неделна видео серија од мрежата „USA TODAY“. Користејќи ја технологијата на виртуелната реалност, видеата нудат одлична можност да искусите како би било да стапните на површинатa на месечината.

Во 1972 година американските астронаути Јуџин Кернан и Џек Шмит биле последните луѓе кои слетале на Месечината. Тие направија стотици детални фотографии од површината на земјата, документирајќи го нивното слетување до совршен детал. Минатата година проектот „Apollo Archive“ овозможи 8.400 фотографии со висока резолуција токму од оваа мисија. 

Погледнете го видеото подолу на кое се вклучени интересни снимки од Месечината.