Како Леонард Коен се збогува со неговата муза Мериен Илен?

Како Леонард Коен се збогува со неговата муза Мериен Илен?

Подготвил: М.Д.

По смртта на легендарниот пејач и поет, Леонард Коен, социјалните мрежи се преплавени со негови цитати, песни и стихови. Меѓу нив е и писмото кое го пратил на својата прва сопруга Мериен Илен, и одговорот што го добил.

леонард коен


Еве што напишал Коен: 

„Па, Мериен, дојде ова време кога навистина сме толку стари што нашите тела се распаѓаат и мислам дека ќе те следам многу бргу. Знај дека сум толку близу зад тебе, што ако ги исправиш рацете зад тебе, мислам дека ќе ги досегнеш моите. И знаеш дека секогаш те сакав заради твојата убавина и мудрост, но не треба да кажам повеќе за тоа затоа што знаеш сѐ. Но сега, само сакам да ти посакам добар пат. Збогум стара пријателке. Бескрајна љубов, се гледаме некаде по пат.“

Пејачот добил одговор на писмото напишан од нејзините блиски:

„Драг Леонард,

Мериен минатата вечер полека замина од овој живот. Сосема лесно, опкружена со блиски пријатели.

Твоето писмо дојде кога таа сé уште можеше да зборува и да се смее целосно свесна. Кога го читавме на глас, се насмеа онака како што само таа може. Ја подигна раката кога ти рече дека си веднаш зад неа, доволно близу за да посегнеш по неа.

Многу ја смири тоа што знаеш за нејзината состојба. И твојот благослов за патувањето ѝ даде дополнитено сила. Џен и нејзините пријатели кои видоа што значи оваа порака за неа, сите ти се многу благодарни што одговори толку брзо и со таква љубов и сочувство.

Во нејзиниот последен час ѝ ги држев рацете и ја мрморев Bird on fire, додвека таа дишеше толку лесно. И кога ја напуштивме просторијата, откако душата нејна замина низ прозорот на пат кон нови авантури, ја бакнавме по главата шепотејќи ги твоите вечни зборови

So long, Marianne“

So long, Marianne поетот и музичар ја посветил на Мериен кога ја запознал во шеесетите години на минатиот век.