Бора Чорба се „отвори“ во премиерната епизода од „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

Бора Чорба се „отвори“ во премиерната епизода од „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

Во саботата уживавте во премиерата на новата сезона од најпопуларната ток-шоу емисија во Македонија, „Еден на Еден“.



Жаре најави дека оваа сезона ќе биде подобра од претходната, а новитетите, изненадувања и интересните гости започнаа веднаш.
Гостин беше легендарниот Бора Ѓорѓевиќ (попознат како Бора Чорба), но ги видовме и Ѓуле од „Ван Гог“, популарниот српски актер Никола Ѓуричко и нашата млада пејачка, Антонија Гиговска.

Исто така, беше промовирана и песната на Жаре и „Еден на Еден“ ѕзведите од нашата музичка естрада: Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Весна Петрушевска, ДНК, Роберт Билбилов, Гаро Тавитијан, водителката Марјана Станојковска, групата „Пеперминт“, Илија Карадакоски и студиото „Брејк а лег“.

Следната сабота на 19ти нормври гостува една од најголемите ѕвезди во регионот, Жељко Јоксимовиќ.

Дотогаш, погледнете ја одличната премиерна епизода тука: