Децата знаат како да манипулираат со своите родители

Децата знаат како да манипулираат со своите родители

Подготвил: М.Д.

Лесно може да се најдат изговори зошто Вашето дете оди доцна на спиење, минува многу време пред компјутер или пред телевизорот, или ги избегнува домашните задачи.

машко дете


Децата е нормално да наоѓаат изговори затоа што се деца, но родителите не смеат ни да помислат да им ги оправдуваат, пред сѐ затоа што тие се тутори што треба да им помогнат во создавање на здрави навики, а тоа им е дел и од задолженијата како родители.

Како децата манипулираат со родителите?

Раздели па владејвоспитувањето на детето е заедничка обврска на двајцата партнери и не смеете да дозволите детето да ги користи слабостите на Вашата брачна врска за да ги добива нештата што ги сака. Не е во ред ако едниот родител дозволува на пример, да се гледа телевизија ако детето го пишува домашното за време на рекламите, а другиот во таа ситуација да биде „лошиот“. Правилата на двајцата партнери треба да бидат усогласени за доброто на детето.

Емотивно уценување – ако детето реагира на вашата забрана за неговата активност со емоција веројатно е да му допуштите да продолжи со истата. Можеби ќе биде тажно или луто, или ќе употреби зборови за да Ве изманипулира, но сите емоции се дел од животот. Подобро е да научи да се справи со нив.

Исклучување – детето ќе се обиде да го избегне соочувањето со проблемот преку едноставно исклучвање и едноставно нема да Ви одговори. Ако глуми дека не го слуша Вашето барање да го исклучите телевизорот, мора да му ги кажете и последиците од игнорирањето, на пример дека следниот ден нема да има дозвола да гледа телевизија.

Ирационална логика
– детето може да проба да ја ублажи Вашата реакција со неважна информација, но Вие не треба да се фатите на мамецот. На пример, зошто треба да оди на спиење толку рано кога добил петка по математика истиот ден. Ова може да биде логично само во детската глава.

Преговарање
– ако детето се обиде да преговара за да ги прави првин активностите кои ги сака, а потоа обврските. Вие во овој случај треба да знаете дека е Ваша задача да го научите на одговорност и приоретизирање на задачите.

Глумење жртва – најмногу на децата им оди од рака да Ве натераат да се сожалите на нив. Родителот мора да знае да ја одвои емоцијата од краткорочните цели. Ако е повредено затоа што е единствена личност што не може да гледа телевизија во недела, дајте му до знаење дека се грижите за неговите чувства, но кажете му ги и причините зошто е таква ситуацијата.