Оглас за вработување во Сарафешн...Отворени се 30 работни места

Оглас за вработување во Сарафешн...Отворени се 30 работни места




Друштвото ДЕ-ТА Дејан ДООЕЛ  постои од 1999 година. Сопственик е на ланецот продавници Сарафешн во Македонија и Србија и официјален застапник за брендот Пенти  во Македонија. 


ДЕ-ТА е лидер во регионот  по снабденост со чорапи, хулахопки и долна облека. 

Посветени сме на развој, наградување и на задржување на своите вработени и за таа цел компанијата обезбедува структуирани процеси, процедури, ресурси и работно опкружување кои ќе го извлечат најдоброто од Вас. Преку обуки и едукација на нашите вработени во Менаџмент академијата на Сарафешн, со тренери експерти во своите области, вложуваме во професионалниот и личен развој на секој вработен.

ДЕ-ТА Дејан ДООЕЛ објавува оглас за 30  продавачки  за продажните места во  СКОПЈЕ

Потребни квалификации:

-Минимум cредно образование
-Претходно работно искуство на иста или слична позиција од минимум една (1) година

 Одговорности и задачи:

-Продажба на производите
-Административни активности поврзани со процесот на продажба
-Извршување на работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажното место.

 Способности и професионални вештини:

-Изразени комуникациски способности
-Желба за учење и надградување на индивидуалните способности
-Подготвеност за тимска работа и работа во динамична работна атмосфера.
-Познавање на работа со MS Office (MS Word, MS Excel)
-Основно познавање на англиски јазик

 Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, да аплицирате со пополнување на on-line апликациската форма:  http://www.aplikimi.com/job-application-form?id=243
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат како невалидни!

Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.