Дознајте кој град е совршен за вас

Дознајте кој град е совршен за вас

Подготвил: Тамара Гроздановски

град

 

Едноставната апликација „The Earth Awaits“ зема во предвид голем број на фактори и ве упатува каде треба да живеете за да постигнете максимално ниво на удобност во поглед на вашите примања и други важни податоци.


Се' што треба да направите е да внесете податоци за месечните примања, колку членови брои вашето семејство, трошоците и кои други критериуми сакате да бидат земени во предвид за да ви се даде листа на градови „по ваша мерка“.

Напредните опции за пребарување се можност за вклучување ли исклучување на одредени земји, нивото на слобода, квалитетот на живеење, расната дискриминација, здравствената заштита, достапноста на интернет итн.