Поранешен инженер на НАСА со генијална идеја за пошумување

Поранешен инженер на НАСА со генијална идеја за пошумување

Подготвил: М.Д.

Секоја година во светот се сечат 26 милјарди дрвја, а само 15 милјарди се садат како замена. На уништувањето на шумите имаат влијание и други фактори, но Лаурен Флечел има идеја како да го поедностави повторното пошумување.

садење дрвја


Имено, тој тврди дека може да посади 36.000 дрвца дневно со беспилотни летала, што на годишно ниво би било 1 милјарда садници. Со оваа техника се прават огромни заштеди според него, а трошоците се само 15% од цената ако би се спроведувала рачно.

Флечел е извршен директор на BioCarbon Engineering и ги има развиено овие беспилотни летала со кои изртените семиња ќе се пуштаат од 3 метри височина.

Семињата се обложени со хидрогел за кој Флечер верува дека ќе го направи сеењето поефективно. Иако оваа техника не е прецизна како рачната, тој вели дека на овој начин може да се испуштат многу семиња одеднаш, а со само еден работник за управување на леталото.