Светот полуде по новата хит игра на Google

Светот полуде по новата хит игра на Google

Подготвил: Б.Б.


Игра на Google со цртање

Иако, можеби, цртањето никогаш не ви било силна страна, гарантираме дека со играта „Quick, draw!“ добро ќе се забавувате.

Станува збор за креација на Google каде вештачката интелигенција се обидува да погоди што сте нацртале, а вам ви се задаваат шест поими (на пр. ајкула, четка за заби, був...), при што  добивате 20 секунди за да го претставите колку што е можно поверодостојно, цртајќи со глувчето на екранот или со прст на дисплејот на мобилниот телефон.

Софтверот погодува што сте нацртале според искуството од претходните обиди на други играчи, така што со тек на време станува сè поуспешен во погодувањето.

Па, пробајте ја апликацијата и забавувајте се!