Ѕидот на Трамп - Како би изгледала границата на Америка со Мексико?

Ѕидот на Трамп - Како би изгледала границата на Америка со Мексико?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Централниот залог на претседателската кампања на Донлад Трамп во суштина е расистички сон кој никогаш нема да биде реализиран.

 

трамп


„Ќе изградам голем ѕид - а никој не гради ѕидови подобро од мене, верувајте ми- и ќе ги изградам доста евтино. Ќе изградам ѕид на нашата јужна граница и ќе го натерам Мексико да плати за ѕидот. Запомнете ги моите зборови“.

Од една перспектива, за тоа колку е луда идејата на Трамп, создадено е видеото „Best of luck with the wall“ кое користи 200.000 сателитски снимки од „Google Maps“ за да покаже како би изгледал ѕидот долг 3.200 километри.

Некои градежни факти позади потенцијалниот граничен ѕид меѓу Америка и Мексико -

- Би биле потребни 12 милиони кубни дворови бетон
- Ѕидот би бил поголем во обем од сите 6 пирамиди на Гиза
- Би биле потребни 2 милиони килограми арматура
- Почетните трошоци за изградба на ѕидот ќе надминат 25 милијарди долари
- Инженерите ќе треба да работат околу природни поплавени зони и големи области на песок кој се менува
- Повеќе од 1.600 километри од ѕидот ќе минуваат низ приватни земјишта кои би требало да се купат или да се стекнат преку правни средства

Дали е воопшто потребен граничен ѕид?

Според „Pew Research“, недокументираните имигранти се околу 11 милиони скоро цела деценија и всушност бројката се намалила од 2007 година кога достигна 12.2 милиони. Имигрантите се намалиле за време на Големата рецесија од 2007-2009, вели истражувањето.

Додека Америка добро се справува со илегални преминувања отколку што Трамп разбира, тој исто така греши и за тоа колку недокументирани имигранти пристигнуваат во Америка. Според „Politifact“, скоро половина од сите недокументирани имигранти доаѓаат со авион и остануваат подолго отколку што нивните визи им дозволуваат. Така што, додека сите се расправаат за тоа дали Трамп ќе го изгради ѕидот и кој ќе плати за него, треба да се насочат кон тоа дали ќе направи некаква разлика.